1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хрватскиот државен врв верува во успех на референдумот

Хрватските граѓани на референдум одлучуваат за приклучувањето во ЕУ. Државниот врв верува во успех на референдумот. И анкетите покажуваат дека Хрватите сакаат во ЕУ. Се гласа во Хрватска и во странство.

default

Хрватското раководство е убедено дека мнозинството од граѓаните ќе заокружи ДА на денешниот референдум за влез во ЕУ

Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ гласаше утрово. Откако го фрли ливчето во кутијата изјави дека се радува што цела Европа ќе стане негов дом. Притоа појасни дека Хрватска ќе биде неговиот прв дом, а Европа поширокиот.

„Ќе ги уживам сите права кои ги уживаат граѓаните на Европа. Очекувам позитивен резултат од референдумот“, рече хрватскиот претседател Јосиповиќ, спомнувајќи ги и земјите од соседството, за кои се надева дека наскоро ќе

Der kroatische Präsident Ivo Josipovic

Претседателот Јосиповиќ се радува што Европа ќе му стане дом

влезат во европското семјество. Јосиповиќ рече и дека 01 јули 2013 година ќе биде ден кога дефинитивно хрватската историја ќе се „прекрши“ на подобро. Новинарите го прашаа Јосиповиќ и што остава Хрватска зад себе, ако денеска заокружи ДА.

„Заговарам еврореализам, теза дека имаме многу што да направиме и дека со самиот влез во ЕУ светот нема веднаш да биде значајно поразличен“, одговори Јосиповиќ, потсетувајќи дека земјата ја очекуваат трајни реформи, како и останатите општества. Тој додаде и дека во следниот период треба да се очекува јакнење на добрата соработка во регионот, да се расчистат последиците од војната, посебно прашањето на исчезнатите лица, што според него е морален и правен проблем, којшто треба да се реши со заеднички сили. Јосиповиќ наброја и други проблеми што треба да се решат, како дефинирањето до крај на границите, да се реши прашањето на сукцесијата и одговорноста за воените злосторства. Во однос на економската криза во ЕУ Јосиповиќ нагласи дека причината за неа се наоѓа во слабоста на националните економии, а не во Унијата.

Милановиќ: Хрватска вели ДА

Wahlen Kroatien 2011

Премиерот Милановиќ оценува дека нема простор за евроскептицизам

Хрватска вели ДА, порача и премиерот Зоран Милановиќ по гласањето на референдумот, одговарајќи на прашање дали му е страв дека хрватските граѓани можеби ќе кажат НЕ за влезот во ЕУ. Милановиќ беше прашан и дали кај него има некакво место за евроскептицизам.

„Нема место за евроскептицизам, туку за здрава човечка скепса кон се’, но и оптимизам за мнозинството. Мора да ве влече оптимизмот и вербата во иднината“, истакна Милановиќ додавајќи:

„Влегуваме во ЕУ, ќе учествуваме во донесувањето на одлуките. Не сме големи, но не сме ниту безначајни и мораме да бидеме свесни за самите себе“. Премиерот Милановиќ рече и дека во еден момент Хрватска мора да донесе одлука, а за неа десет години размислувала и анализирала.

Косор задоволна што ги завршила преговорите со ЕУ

Wahlen Kroatien Zagreb Jadranka Kosor

Јадранка Косор е задоволна што нејзината влада ги затворила преговорите со ЕУ

И дел од опозицијата верува дека референдумот ќе успее. Претседателката на ХДЗ Јадранка Косор оцени дека „референдумот ќе биде и повеќе од успешен“.

„Хрватска со својата историја, култура и христијанска традиција припаѓа на Европа и денеска тоа мораме да го потврдиме на референдумот. Ми беше чест да ја водам владата која ги заврши преговорите на Хрватска со ЕУ“, изјави Јадранка Косор.

Се гласа и во странство

Хрватите ќе можат да го изразат своето мислење до 19 часот на 6.750 гласачки места во земјата и странство. Така, во Босна и Херцеговина се гласа на 24 места. Вјекослав Беванда, новиот претседател на Советот на министри на БиХ, по гласањето на референдумот рече дека влезот на Хрватска во ЕУ ќе биде

Kroatien EU Referendum

Анкетите проценуваат дека од 28 до 33 проценти од Хрватите се против влез во ЕУ

поттик и за Босна и Херцеговина на нејзиниот пат. Интересно е дека за референдумот не беше предвиден референдумски молк, освен на гласачките места и во радиус од 50 метри од нив.

За да успее референдумот за прстапување на Хрватска во ЕУ треба поддршка да дадат повеќе од 50 проценти од граѓаните кои излегле да гласаат. Анкетите пред гласањето предвидуваа дека влезот во Унијата го поддржуваат меѓу 53 и 61 процент од граѓаните, а против се меѓу 28 и 33 проценти од Хрватите. Првичните нецелосни резултати ќе бидат објавени на интернет страницата на Државната изборна комисија веќе во 20 часот вечерва, еден час по затворањето на гласачките места, а првите привремени резултати ќе бидат објавени во 22 часот. Ако исходот е позитивен, тогаш Хрватска ќе стане 28-та членка на ЕУ на 1 јули 2013 година. Претходно, таа одлука ќе мораат да ја потврдат и сите држави членки.

Автор: Александар Методијев /хина/бета

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM