1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хрватска се афирмира како важна земја за регионот

Во Дубровник денеска заврши традиционалниот „Кроациjа самит“, на кој учествуваа лидерите од земјите од регионот, но и претставници од ЕУ. Темата на форумот беше „Југоисточна Европа пред глобалните предизвици“.

default

Последните петстотини метри до ЕУ се краток, но пат кој е полн со барања, изјави денеска хрватската премиерка Јадранка Косор, на прес конференцијата по завршувањето на самитот во Дубровник. „Пораката е дека Хрватска ќе ги поддржи евроатлантските интеграции на своите соседи, особено откако ќе стане членка на Унијата“, истакна претседателката на хрватската влада.

Судејќи според нејзините зборови, самитот во Дубровник бил многу важен и успешен. Истото го заклучи и хрватскиот претседател, Иво Јосиповиќ. „Овој самит е од огромно значење за Хрватска. Со него Хрватска уште еднаш се афирмира како многу важна држава во регионот“, истакна Јосиповиќ.

Претходно, хрватскиот претседател оцени дека регионот се наоѓа пред крстопат и дека народите на Југоисточна Европа очекуваат прием во ЕУ. „Трансформацијата на нашиот регион од проблематичен, во регион на мир и соработка е нашиот прв придонес кон сегашната политичка архитектура на ЕУ“, истакна Јосиповиќ.

Петта средба досега во Дубровник

Kroatien Ministerpräsident Jadranka Kosor

„Хрватска дава позитивен сигнал“ - Јадранка Косор

На вториот ден од самитот се работеше на пленарни седници на тема економската криза, процесот на проширување на ЕУ и глобалната безбедност, а се одржаа и бројни билатерални контакти.

На меѓународната конференција во Дубровник учествуваа и премиерите на Полска, Бугарија, Албанија и Косово, Доналд Туск, Бојко Борисов, Сали Бериша и Хашим Тачи. Од Македонија беше присутен министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, а учествуваше и еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе.

Во Дубровник немаше претставник на Србија, поради учеството на косовскиот премиер на самитот.

Ова е петта по ред средба на високо ниво на Југоисточна Европа што се организира во Дубровник. Средбата е форум за дијалог меѓу политичките лидери и традиционално се фокусира врз интеграцијата на регионот од ЈИЕ во европските и евроатлантските структури.

Автор: ТТ/ЖА/бета/миа

Редактор: Трајче Тосев