1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Хрватска попушти пред притисокот од Брисел

Властите во Загреб се согласиле да извршат измени во спорниот закон, поради кој на Хрватска и се закануваа санкции од ЕУ. Наводно, законот ќе биде сменет до 1. јануари следната година

Хрватска сепак попушти пред притисоците забрзано да го усогласи „Лекс Перковиќ“ со законите на Европската унија (ЕУ), потврди за агенцијата Ројтерс неименуван европски дипломат. Со ова конечно ќе заврши спорот кои го влоши првите три месеци од членството на Хрватска во ЕУ. Повикувајќи се на анонимен дипломат, агенцијата пренесува дека Хрватска,

која најави дека до јули идната година ќе го измени својот закон за европскиот налог за апсење, т.н. „Лекс Перковиќ“, вербално се согласила тоа да го направи до 1-ви јануари.

Телефонски разговор на оваа тема имале претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.

Она што преостанува е само да се договорат деталите од договорот. Хрватскиот министер за правосудство Орсат Миљениќ следната недела ќе се сретне со еврокомесарката за правосудство Вивијан Рединг, како би ги усогласиле условите на постигнатиот компромис.

Дел од хрватските медиуми во петокот објавија дека е постигнат договор со Брисел околу конечен термин за измената на спорниот закон, но ова подоцна беше демантирано од хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.

Кратко пред приемот во ЕУ на 1. јули годинава, хрватскиот парламент донесе специјален закон, со кој го ограничи важењето на европскиот налог за апсење за кривични дела извршени по август 2002 година. Целта на законот, според аналитичарите, е заштита на поранешниот генерал во тајната служба, Јосип Перковиќ и други 20 лица од израчување, поради што во Хрватска законот се нарекува „Лекс Перковиќ“. Германија има издадено потерница по некогашниот таен аегент, чиј син е советник на актуелниот претседател, поради тоа што е осомничен за давање налог за убиство на југословенски дисидент во 1983 година во баварскиот град Волфратсхаузен.