1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Хрватска нема да го екстрадира Љубе Бошковски

"Загрепскиот Интерпол ја информира Македонија дека Бошковски е хрватски државјанин и дека не може да биде израчен, затоа што тоа е спротивно на уставот на Република Хрватска. Македонската страна знае дека може да побара да се води казнена постапка, но пред хрватски суд. Со оглед на тоа што е тој хрватски државјанин, се што е во врска со случајот Бошковски мора да се решава во Република Хрватска" - изјави за ДВ портпарлот на Министерството за правда, Весна Добраниќ.

На прашањето на Дојче Веле дали не може да се направи отстапка со оглед на тоа што Бошковски е поранешен министер за внатрешни работи на Макеоднија, Добраниќ појаснува дека Хртватска е единствена надлежна да води било кака истражна постапка и да донесува законски мерки за своите државјани, а се друго не би било во склад со уставот на Хрватска. Македонската страна меѓутоа може да поведе постапка за екстрадиција и може да достави официјално барање. Тогаш постапката ќе биде разгледана во Хрватска и ќе биде подигнато обвинение против Бошковски и ќе започне казнена постапка во согласност со соодветните закони за казнена постапка во РХ. Но засега Министерството за правосудство на Хрватска не е вклучено, зашто тоа е работа на МВР и на Интерпол.