1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Хрватска казнета со 25.000 евра

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска со 25.000 евра поради инцидентите кои ги направиле хрватските навивачи на натпреварот со Република Ирска во првото коло на Европското фудбалско првенство.

Хрватска е казнета поради тоа што навивачите фрлале на терен петарди и факели, а еден од нив влегол на теренот на стадионот во Познањ и го бакнал во уста селекторот Славен Билиќ. Најмногу пиротехнички средства биле употребени при прославата на вториот гол на селекцијата на Хрватска. Хрватите на овој натпревар ги победија Ирците со 3:1.

UEFA EURO 2012 Ukraine vs. Frankreich

Мечот меѓу Украина и Франција беше прекинат поради временски неприлики и големо количество вода на теренот

Вчера непријатности имашаа и екипите на Украина и Франција, но не со казни, туку поради временските неприлики. Натпреварот меѓу ко-домаќинот Украина и Франција беше прекинат по само пет минути игра поради невремето кое го зафати Доњецк. Силниот дожд, ветерот и грмотевиците на „Донбас Арена“ беа доволна причина главниот судија Бјорн Куијперс да ги повлече двете репрезентации од теренот.

UEFA EURO 2012 Schweden vs. England

Англичаните подобри од Швеѓаниете

Мечот продолжи по пауза од 60 минути и заврши со победа на Франција од 2:0. Првото полувреме беше без голови, а во второто Жереми Менез и Јохан Кабаје го совладаа украинскиот голман Андриј Пјатов. Со тоа репрезентацијата на Франција ја постигна првата победа на Европското првенство и со четири бодови е на првата позиција во групата.

Во вториот меч, меѓу Англија и Шведска, фудбалерите од островот ги „испратија“ дома шведските фудбалери. Натпреварот заврши со 3:2 за Англија. Шведска со вториот пораз остана без бод во групата и нема шанси за влез во четврт-финалето.