1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Хрватска ги чувствува последиците од швајцарскиот референдум

Швајцарија се соочува со последиците од референдумот за ограничување на доселувањето. Хрватска, како членка на ЕУ, веќе го почувствува тоа - Хрватите немаат слободен пристап до швајцарскиот пазар на труд.

Како прва последица од референдумот за ограничување на доселувањето во Швајцарија е одлуката земјата да не го потпише договорот за слобода на движење со новата земја членка на ЕУ Хрватска. Ова ѝ го соопшти швајцарската министерка за правда Симонета Сомаруга на хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ. Новата уставна одредба забранува склучување меѓународно-правни договори, кои би значеле неограничено доселување. Постоечкиот протокол меѓутоа на граѓаните на Хрватска им овозможувал целосна слобода на движење по десет години. Бундесратот проверувал можни решенија, кои не би ја дискриминирале Хрватска, соопшти Сомаруга.

Швајцарците измината недела со тесно мнозинство гласаа на референдум против „масовно доселување“.

Национално-конзервативната Швајцарска народна партија како иницијатор на референдумот притиска на брзи решенија. Прашањата за контингентите би можело брзо да бидат решени со указ, изјави шефот на партијата Тони Брунер за весникот „Швајц ам зонтаг“.

Тој гледа „масовен бран доселување“ во земјата, кога во јуни ќе стапи во сила целосната слобода на движење за источните држави на ЕУ, и летото 2016. година за Романија и Бугарија.

Од гледиште на Социјалдемократите во предвид доаѓа нов референдум, ако мора да се раскинат билатералните договори со ЕУ. Според една репрезентативна анкета на „Зонтагсблик“, 74 проценти од Швајцарците се изјасниле за задржување на тие договори.

Со гласањето за ограничено доселување во Швајцарија жителите се изјаснија против правото за слободно движење на лица и со тоа ризикуваат губење на привилигераниот пристап до внатрешниот пазар на ЕУ.