1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Хрватска во ЕУ во тешки времиња

Вечер на полноќ (01.07) Хрватска станува 28 членка на ЕУ. Нема еуфорија, ниту претерани надежи во нагло напредување на стопанството. Иако и славјето во земјата е во граници, проширувањето сепак има симболично значење.

Влегувањето на Хрватска во ЕУ се одвива во тешки моменти за оваа заедница. Унијата сенаоѓа во најтешката криза досега, а желбата за прием на нови членки е рамна на нула. Комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе при последната посета на Загреб изјавуваше дека во случајот со оваа земја се работи за „веродостојноста на целокупната политика на проширување“.

Хрватска спроведе реформи

Оваа веродостојност беше нарушена во 2007 година кога беа примени Романија и Бугарија. Тогаш се веруваше дека приемот во ЕУ ќе помогне во борбата против корупцијата. Сепак, се случи спротивното. Штом овие земји влегоа во ЕУ, опаднаа и напорите за спроведување реформи.

Тоа не смееше да се дозволи и во случајот со Хрватска. Кај неа добро се внимаваше реформските мерки не само да се најавуваат, туку и да се спроведуваат. Штефан Филе во март изрази задоволство:

„Хрватска спроведе веродостојни реформи, одржливи и неповратни“, изјави Филе.

За Хрватска посебно е важна борбата против корупцијата, истакнува и претседателот Иво Јосиповиќ:

„Уште имаме проблеми со корупцијата, но се промени начинот на размислување. Нема веќе претседател или премиер кој би можел да го сврти тркалото на случувањата наназад“.

Kroatien - Zagreb

Загреб

Хрватска е товар на грбот на ЕУ

Економски гледано, Хрватска е товар на грбот на ЕУ. Оваа земја веќе долго се наоѓа во рецесија, стапката на невработеност е околу 20 проценти. Но, и другите држави во Унијата имаат слични, па и уште поголеми проблеми. Влезот во ЕУ нема да донесе благосостојба преку ноќ, но нејзината економија ќе ја направи поконкурентна, уверен е премиерот Милановиќ:

„Зашто, малите нации мораат да бидат отворени. Ако се затворат во себе, не гледаат ништо, не го гледаат надворешниот свет и не се подготвени да се справат со конкуренцијата. Веруваме дека ЕУ и‘ дава огромна шанса на Хрватска која е во согласност со нашето мото: Храбро во Европа“, рече премиерот.

По Словенија, ова ќе биде втора држава од поранешна Југославија која влегува во ЕУ. Претседателот Јосиповиќ е уверен оти процесот на проширување нема да значи автоматско вовлекување на ЕУ во непријателствата која владееја во регионот. Тензиите со Србија попуштија, а Хрватска нема со вето да го блокира влезот на Србија или БиХ, уверен е Јосиповиќ Сепак, тој нема илузии:

„Ние гледаме реално на работите. Знаеме дека членството во Еу нема да ги реши сите наши проблеми, но тоа е прилика која ќе знаеме да ја искористиме“, уверен е Јосиповиќ.