1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Хрватска во акција против корупција во земјата

*

Хрватските власти соопштија дека уапсиле тројца високи претставници на Државниот фонд за приватизација под обвинение за корупција. Обвинетите се товарат дека земале мито од неколку стотици илјади евра. Хрватскиот претседател Стипе Месиќ изјави дека фондот е “легло на корупција и измама”. Борбата против криминалот во областа на приватизацијата се уште е далеку од крајот и таа штотуку започна, изајави Месиќ. По апсењето, хрватскиот премиер Иво Санадер изјави дека владата ќе го разгледа распуштањето на Фондот за приватизација.