1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Хрватската економија со добри оценки од ЕУ

Хрватска би сакала да биде следната држава што ќе биде примена во Европската унија. Последниот извештај на Европската комисија и дава добри оценки на земјата во врска со напредокот во економијата.

default

Т - Mobile во Хрватска

Порастот не е обезбеден со, туку против правилата на Унијата: слободните зони ги привлекуваат фирмите од земјите на Европа.

На пример Вараждин. Некогаш слабиот економски регион денес просперира. Производството се одвива под полна пареа.

Дење и ноќе фабричката хала во Вараждин е осветлена. Менаџерот Анте Белјан го покажува материјалот за пакување што се произведува овде – поефтин од стиропорот, и затоа уште повеќе баран: „Ни треба стручна работна сила. Ние не сме фирма за масовно производство. Секој што ќе дојде кај нас има добра шанса„.

Анте Белјан ја води хрватската фабрика на баварската фирма БХС која е на пат да стане водечка во светот за валновит картон, благодарение на поволните услови во Хрватска. Работата оди толку добро што Анте Белјан на другите во браншата може само да им се насмевнува: „О.К. секоја фирма мора да има конкуренција„.

Наместо жито производство на картони

Баварско-хрватска успешна приказна од илјада и стоте баварски што имаат контакти со Хрватска.

Таму каде што денес се прозиведуваат картони, пред 7 години селаните произведуваа жито. Градот Вараждин го купи земјиштето, изгради патишта и постави жица околу, прогласувајќи го теренот за ново индустриско подрачје, односно безцаринска зона.

Со сите предности за фирмите, во меѓувреме повеќе од десет, задоволен е шефот Крешимир Мештриќ, посебно од даночните добивки „Нормално даноците во Хрватска изнесуваат 20 проценти. Во безцаринската зона данокот изнесува 10. Кој инвестира повеќе, може да стигне и до нула„.

Поволности на бесцаринската зона

Нула проценти данок за фирмите, никакви проблеми со царината која работи и во неделите. Во безцаринската зона и бирократијата работи мазно што на други места во Хрватска не е така и се сметаат за една од најголемите пречки во оценките на Европската комисија на патот кон ЕУ. Во Вараждин од тоа нема ниту трага. Луѓето имаат работа и скоро е заборавено времето на пропаста на старата текстилна фабрика.

Многумина добија ново вработување во фабриките во безцаринската зона. Крешимир Мештриќ во меѓувреме има други грижи: во Вараждин нема доволно работна сила:

„Доаѓа Бинер, мрежа за снабдување и не можат да најдат работници во регионов. Се созадава ситуација да доселуваат работници од цела Хрватска„.

Фирмите сега би можеле да работат и со нормално оданочување

Во земјата инаку, има 13 безцарински зони. Најголемиот број се ограничуваат на увоз - извоз, што е ризично поради нестабилната потрошувачка. За разлика од Вараждин, таму акцентот е врз иновации и развој, врз технолошки барани производи кои во Југоисточна Европа имаат голем пазар.

Задоволен е шефот на германско-хрватска комора Петер Пресбер:„Токму во подарчјата за наводнување и одводнување на пример, во заштитата на климата со енергетска сигурност„. Фирмите во меѓувреме толку добро напредуваат што и со нормално оданочување ќе можат да живат со високи плати. Тоа би можела да биде цената што ќе се плаќа за членството во Европската унија. Зашто безцаринските зони се недозволена форма на индустриски субвенции во ЕУ.