1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Хрватската економија пред големи предизвици по влезот во ЕУ

Наспроти општоприфатените претстави дека членството во ЕУ претставува стопански благодет, за Хрватска тоа најнапред ќе донесе штети.Експерти проценуваат дека само кај извозните приходи ќе загуби половина милијарда евра.

На Мијо Вукушиќ на лицето му се чита загриженост при погледот на овој граничен премин. Овој одгледувач на мандарини од Хрватска стравува дека неговото овошје за муштериите во соседна Босна и Херцеговина наскоро ќе стане прескапо.

Ова е новата надворешна граница на ЕУ- таа ќе го раздвои досега заедничкиот економски простор. „По влезот на Хрватска во ЕУ мислам дека нашиот извоз во соседните земји од ЦЕФТА и кон истокот ќе стане поскап“, вели Вукушиќ

ЦЕФТА е зона на слободна трговија на Балканот, која беше долго поддржувана од ЕУ како средство за одржување на мирот во овој некогашен завојуван регион. Како членка на ЕУ, Хрватска ќе мора да ја напушти таа заедница. Така, за мандарините од делтата на Неретва наскоро ќе се плаќа царина од 20 проценти.

Со тоа, Мијо Вукушиќ и фирмата за откуп со која соработува ќе загубат половина од приходот од извоз. Други купувачи засега немаат.

„Алтернативи за нас се ЕУ, западна Европа. Но прашање е како да ги достигнеме тамошните стандарди и квалитет - за Германија, Холандија, Англија? Тоа ќе биде тешко!“ , вели Јерко Соче трговија на големо „Јасенска“

Хрватска преговараше осум години за членство во ЕУ и сепак производителите на овошје и зеленчук не се подготвени за Унијата. Хрватска не се избори за флексибилни преодни правила кога е во прашање односот кон балканскиот пазар.

EU Beitrittsvertrag für Kroatien unterschriftsreif Flash-Galerie

Последиците се апсурдни. Јужно од плантажата за мандарини, на 15 минути возење со автомобил, на карпест терен се подготвуваат два нови гранични премина за цена од пет милиони евра.

Јадранската магистрала тука е во прекин: девет километри и’ припаѓаат на Босна. Стоката и туристите тука мораат од Хрватска да минат низ Босна, па повторно во Хрватска.

Досега тоа не беше проблем, граничарите без проблеми ги пропуштаа „домашните“. Понекогаш и го вртеа погледот. Од 1. јули веќе нема да биде така. „Ќе имаме проблеми. Особено во туристичка сезона ќе се губи многу време“.

Сето тоа поради девет километри. Притоа ЕУ потроши милиони за да изгради царини, гранични премини и управи во двете земји. И Босна и Херцеговина некогаш треба да стане членка на ЕУ. И покрај тоа, нема компромис, ниту преодно решение.

Хрватска веќе го планира новиот проект кој ќе проголта милиони: мост кон полуостровот Пељешац отспротива, за да се заобиколи Босна и Херцеговина. И за тоа Хрватска ќе бара пари од Брисел - за уште повеќе да го зацементира раздвојувањето на заедничкиот пазар во регионот.