1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Хрватската власт и опозиција постигнаа консензус за евроинтегрирањето

Хрватската власт и опозиција постигнаа договор со претседателите на парламентарните партии за пристап на Хрватска во Европската Унија, а денеска, по тој повод, Саборот во земјата треба да усвои и посебна декларација. Европските челници вчера во Брисел ја предупредија Хрватска – дека преговорите за членство во ЕУ нема да почнат во март доколку на судот во Хаг не му биде испорачан избеганиот генерал Анте Г

Анте Готовина, главната пречка за хрватските евроинтеграции

Анте Готовина, главната пречка за хрватските евроинтеграции

�товина.

Хрватска ги почна подготовките околу преговорите за членство во Европската Унија иако не го исполнила главниот услов што и го поставија европските авторитети- да го фати и да му го испорача на Хашкиот трибунал избеганиот генерал Анте Готовина.

Хравтскиот премиер Иво Санадер и партиските лидери во земјата се согласија Саборот денеска да усвои заедничка иѕјава на владата и парламентот за соработка во водењето на преговорите, а одлучија и да формираат национален одбор од 19 членови за нивно следење.

Санадер и најголемиот опозициски лидер во земјата Ивица Рачан се согласија дека влезот на Хрватска во ЕУ е проект од национален интерес, но не сооптштија што ќе направи земјата во однос на соработката со Хашкиот трубунал, нужното барање што го постави Брисел.

,, Точно за два месеца се очекува почетокот на преговорите со Хрватска, но ако се исполнат сите услови, односно потполна соработка со Хашкиот суд. Навистина се надеваме дека ќе биде така и дека тоа е многу важно и за Хрватска и за ЕУ , бидејќи земјата може да биде добар пример за регионот. Имаме големо пофалби за досегашниот напредок на Хрватска,, изјави во Брисел, по средбата со хрватските владини претставници, претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.

Според Санадер, европските лидери позитивно го прифатиле фактот за консензусот на хрватската власт и опозиција во однос на интегрирањето на земјата во Унијата.