1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хрватите се радуваат, но скепса има и натаму

Граѓаните на Хрватска се изјаснија за влез на земјата во ЕУ. Учеството на референдумот сепак, беше мало. Хрватска ќе стане 28-ма членка на Унијата на 1 јули 2013 година.

default

Хрватскиот државен врв ги слави резултатите од референдумот

Кинезите што живеат во Хрватска во текот на викендот со огномет ја поздравија новата година - денеска почнува „Годината на змејот“ и тоа овојпат е знак на надеж за многумина Хрвати. Ова е историски ден:

„Се радувам што цела Европа ќе ми биде татковина. Се разбира, Хрватска останува мојот прв дом, но во рамки на Европа. Тоа значи дека можам да ги уживам сите права на еден Европеец како рамноправен граѓанин на развиена Европа“, изјави хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.

Со своето „да“ Хрватите врзуваат пред се’ економски надежи, зашто веќе три години земјата се наоѓа во рецесија.

Kroatien EU Referendum

Граѓаните со Европа врзуваат пред се‘ економски надежи

„Не можеме да се споредуваме со земји како Швајцарија и да мислиме дека се’ ќе постигнеме сами. Напротив, со ЕУ имаме многу подобри можности што се однесува до работните места и се’ друго“, вели една жена од Загреб, а друга нејзина сограѓанка е на мислење: „Мислам дека немаме друг избор. Како и да е... Не знам... Се’ уште сме скептични, точно е.“

Критичарите на Европа во Хрватска стравуваат од загуба на националниот идентитет и суверенитет. Тие укажуваат на должничката криза и не гледаат како Брисел во овие тешки времиња би можел да и’ помогне на земјата.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Франк Браун / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска