1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Хрватите се жалат на судиите

Селекциите на Шпанија и на Италија по синоќешните натпревари од „Ц“ групата изборија пласман меѓу осумте најдобри репрезентации на Европското првенство.

Во Гдањск на „ПГЕ Арена“ европскиот шампион Шпанија ја победи Хрватска со 1:0, додека на вториот дуел од групата, Италија очекувано со 2:0 ја совлада Република Ирска. Шпанија го освои првото место на табелата со 7 бодови, Италија освои 5, Хрватска 4, а Република Ирска остана без бод.

Откако Италија поведе со 1:0 против Ирците со голот на Антонио Касано во 35.минута, јасно беше дека натпревар без голови не им одговара на Хрватите, кои пак одлично ја неутрализираа играта на „црвената фурија“. Екипата на Славен Билиќ беше приморана да тргне поофанзивно кон голот на Икер Касиљас. Иако Хрватска имаше две добри шанси преку Иван Ракитиќ, голот на одлука во 88. минута го постигна Хесус Навас и така Шпанија остана со шанса за одбрана на титулата.

UEFA EURO 2012 Italien Irland Cassano Torjubel

Антонио Касано беше стрелец на првиот гол за Италија

„Тажно, жално, не можам да прежалам што не се пласиравме во четвртфиналето, но можам да кажам дека судиите одлучија кој ќе мине натаму. Сите бевме одлични, зашто не е мала работа да се одигра рамнопрвано против Шпанија, дури и да се создадат повеќе конкретни шанси. Но, очигледно некој не сакаше да одиме натаму“, изјави Марио Манџукиќ по поразот.

Ведран Ќорлука го нарече германскиот судија на натпреварот „слепец“ којшто ја оштетил хрватската екипа.

Денеска се играат последните два натпревара од групната фаза. Во „Д“ групата ко-домаќинот Украина игра со Англија, додека Франција за противник ја има веќе отпишаната Шведска. Почетокот на двата натпревари е во 20:45 часот.

На табелата Франција и Англија имаат по 4 бодови, Украина 3, а Шведска е без бод.