1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хрватите во јануари на референдум за членството во ЕУ

Хрватските граѓани на референдум што ќе се одржи на 22-ри јануари ќе гласаат за планираното пристапување на нивната земја во Европската унија во средината на 2013-та година.

default

Членството во ЕУ е голема шанса за Хрватска, истакна хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ во Загреб при најавата дека референдумот за влез на Хрватска во ЕУ ќе се одржи на 22-ри јануари 2012-та година. Јосиповиќ од хрватската дипломатија очекува веднаш по референдумот да лобира по Европа за што побрза ратификација на договорот за хрватското пристапување во Унијата.

„До 22-ри јануари има доволно време на хрватските граѓани да им испрати порака што носи членството во ЕУ“, рече Јосиповиќ. Тој се согласува оти за време на преговарачкиот процес јавноста не била доволно информирана. Шефот на хрватската држава смета оти е битно кај одлуките за тоа дали да се влезе во ЕУ или не, не треба да се согледува која е судбината на Хрватска ако не пристапи во Унијата. Хрватска не е Швајцарија или Норвешка кои својот статус го решиле како да се членки на ЕУ, рече тој.

Според последните анкети околу две-третини од Хрватите се за членството на земјата во ЕУ.

Автор: СН/ АТ/ дпа/ миа

Редактор: Ж. Ацеска