1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хоџај: Наскоро постојан претставник на Косово во Белград

Министерот за надворешни работи на Косово Енвер Хоџај изјави дека за многу краток рок премиерот и претседателката на Косово ќе донесат одлука за шефот на идната косовска канцеларија врски во Белград.

Шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај, како што пренесоа приштинските медиуми изјавил дека во наредните денови ќе му предложи на премиерот Хашим Тачи тројца дипломати, од кои ќе биде избран постојан претставник на Косово во Белград.

Косовскиот дипломат, кој според Хоџај ќе има статус на амбасадор, ќе работи во посебна канцеларија за Косово или во рамки на просториите, кои ги користат меѓународните организации, како Европската унија.

„Тоа ќе биде канцеларија за врски на Република Косово, која ќе го претставува Косово во главниот град на Србија, Белград. И Србија исто така ќе има иста канцеларија на Косово. Двете страни се согласија да побараат простории од делегациите на ЕУ“, рече Хоџај, по прошталната средба со амбасадорот на Франција во Приштина, Жан Франсоа Фиту.

Во приштинските медиуми се наведува дека заменик на првиот човек на косовската канцеларија за врски во Белград ќе биде Србин.