1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Хофенхајм гази сигурно кон есенската титула

Хофенхајм повторно е на врвот на табелата во Бундеслигата. Баерн опасно се приближува. Дали Штутгарт ќе ја надмине кризата по отпуштањето на тренерот Армин Фе?

default

Од успешното гостување на Хофенхајм во Келн

Есенскиот дел од шампионатот е интересен како ретко кога досега. Не само поради тимот на Хофенхајм, дебитантот во елитното друштво кој гази сигурно кон освојување на есенската титула, туку и поради кризата во која се наоѓаат тимови како Вердер и Штутгарт. Падна и првата тренерска жртва, тренерот на Штутгарт, Армин Фе.

Меѓутоа најпрвин за успешните. Тимот од малото село во Германија, кој прераснува во вистински гигант, го совлада Келн и тоа на жешкиот гостински терен. Победата од 3:1 за избраниците на Ралф Рањик значи и повторно враќање на лидерската позиција на табелата. Хофенхајм сега е осамен на врвот со три бода предност пред конкурентите. Тренерот Рањик е задоволен што неговиот тим го одиграл целиот натпревар со срце и страст, но и со многу разбирање во одлучувачката фаза. Фактот што Хофенхајм настапи со тим, кој во просек е со старост од 22 години, е дополнителна причина за радост на раководството на овој надежен клуб.

Возбудлив финиш на есенскиот дел

Хофенхајм остана осамен на врвот благодарение и на поразот на Баер Леверкузен од Арминија во Билефелд со 2:1. Фармацевтите го делат второто место со Баерн Минхен, кој со убедливиот триумф против Енерги Котбус од 4:1, е само на чекор до Хофенхајм. Како и да е едно е сигурно.

Bundesliga Bayern München Energie Cottbus

Напаѓачот на Баерн, Лука Тони

До крајот на есенскиот дел има уште три кола и сигурно ќе бидеме сведоци на неизвесна возбудлива трка за врвот. Пресуден ќе биде дуелот во 16-то коло помеѓу Баерн и Хофенхајм.

На четвртата позиција со 27 освоени бодови се проби Херта Берлин, која на гости во Бохум освои значајна победа од 3:2. Еден бод помалку има Хамбургер кој во дербито го совлада Вердер Бремен со 2:1. Тимот на Томас Шааф и натаму е во криза. Се наоѓа на деветото место на табелата и е трет тим во лигата со најмногу примени голови, вкупно 26. Полош резултат имаат само Хановер и Борусија Менхенгладбах. Меѓутоа и покрај поразот во Хамбург, тренерот на Вердер е задоволен од своите избраници. Тие биле многу ангажирани, направиле доста, но заборавиле една работа, да постигнуваат голови. Тоа според Шааф не смее да се повтори во наредните натпревари.

Менаџерот на Вердер, Клаус Алофс, изјави дека е многу разочаран поради несреќниот пораз во натпревар во кој тој сммета дека неговиот тим бил поблиску до победата. Хамбургер инаку за прв пат по пет сезони славеше против Вердер на домашен терен. Најмногу благодарение на извонредниот гол на хрватскиот интернационалец Ивица Олиќ. Хамбургер сега е петти на табелата. Тренерот Мартин Јол признава дека Бремен можеби го надиграл неговиот тим, но немал толку многу шанси. Победата за него е заслужана.

Армин Фе остана без работа

Седми на табелата е тимот на Шалке 04 кој со триумфот против Борусија Менхенгладбах од 3:1 го задржа чекорот кон врвот. На осмото место се проби Волфсбург кој го декласираше Штутгарт со 4:1. Шампионот од 2007 година падна на 11-та позиција на табелата, а тренерот Армин Фе заработи отказ. Менаџерот на Штутгарт Хорст Хелд ги објаснува причините за ваквиот потег:„Нашите ставови се разликуваа околу важните и единствени точки. Кога човек нема исто мислење, тогаш следува логична последица за прекин на соработката„ изјави Хелд.

Stuttgarts Trainer Armin Veh

Армин Фе

Тренерската функција во Штутгарт сега ќе ја извршува Маркус Бабел, довчерашниот заменик на Фе. Предизвикот за него е голем. Тој се радува за добиената задача, за која е свесен дека нема да биде нималку лесна. Бабел смета дека во овие тешки моменти мора да се задржи концентрацијата и да се игра успешно.

Проблемите на Фе ги одбегна Фридхелм Функел, стратегот на Ајнтрахт Франкфурт, кој по убедливата победа на неговиот тим против Хановер од 4:0, повторно цврсто седи во тренерската фотеља. Победата на Франкфурт е многу значајна за бегство од опасниот долен дел на табелата, каде и натаму се наоѓаат Бохум, Карлсруе и Котбус.