1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Хорст Келер - РАФ

Германскиот претседател Хорст Келер наредната недела ќе ја донесе одлука дали ќе го помилува поранешниот припадник на терористичката организација Фракција на Црвената армија Крсијан Клар, соопшти портпарол на кабинетот на претседателот. Клар веќе 24 години е во затвор поради повеќекратно убиство. Инаку претседателот Келер во петокот се сретнал со Клар. Средбата според информации на неделникот Шпигел, се оддржала на желба на претседателот. Келер веќе со месеци го испитува овој случај кој е жестоко оспоруван во јавноста.

Премиерот на Баварија Едмунд Штојбер го критикуваше претседателот поради средбата со поранешниот терорист. Кај многу граѓани ова буди впечаток, дека државата премногу се грижи за тешките претстапници и непријателите на демократијата. Сличен став има и шефот на пратеничката група на Унијата, Фолкер Каудер.