1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Хорст Келер избран за претседател на СР Германија

На 1-ви јули тој ќе ја преземе функцијата од актуелниот претседател Јоханес Рау. Келер, кој ќе биде 9-ти претседател во историјата на Германија, беше избран уште во првиот круг на гласањето.

Новоизбраниот претседател Хорст Келер

Новоизбраниот претседател Хорст Келер

“Господин Хорст Келер доби 604 гласови. Констатирам дека господин професор Хорст Келер го доби неопходното мнозинство на гласови и со тоа е избран за Сојузен претседател на Сојузна Република Германија”, објави пред нешто повеќе од 1 час претседателот на Бундестагот Волфганг Тирзе. Очекувањата се исполнија – Келер беше заеднички кандидат на опозиционите демохристијански партии ЦДУ/ЦСУ и на либералите, кои имаа апсолутно мнозинство во Сојузното собрание – тело што го врши изборот. Келер а избран уште во првиот круг на гласањето, бидејќи доби еден глас повеќе од неопходното апсолутно мнозинство. Вкупно присуствува 1204 членови на Сојузното собрание. Од важечките 1202 гласа, 589 беа за кандидатот на црвено-зелената владина коалиција, универзитетскиот професор-политиколог Гезине Шван.

“Го прифаќате ли изборот за сојузен претседател на Сојузна Република Германија”? – според предвидениот протокол праша Тирзе. “Господине претседателе, го прифаќам изборот”.

Хорст Келер ќе биде 9-от претседател на Сојузната република.

Првите зборови во неговото обераќање до присутните беа:

“На сите членови на Сојузното собрание што ме избраа им благодарам; оние што не гласа за мене сакам да ги убедам со мојата работа. Би сакал да бидам претседател на сите Германци и претседател на сите луѓе што живеат овде”

На отворањето на работата на Сојузното собрание, претседателот на германскиот парламент Волфганг Тирзе му оддаде признание на Јоханес Рау, од кого Келер ќе ја преземе функцијата на 1-ви јули:

“Со оглед на сите предизвици и напрегања, кои на луѓето во земјава им ги донесоа и им ги носат процесите на германското единство и европското обединување, на сојузниот претседател и неговата сопруга им успеа нашиот поглед постојано наново да го изоструваме за тоа какво збогатување за нас значат единството на нашата земја и сраснувањето на Европа. За тоа посебно нагласено ви благодариме, господине сојузен претседател Рау”.