1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хоророт од Хирошима да не се повтори никогаш

Со минута молчење граѓаните на јапонскиот град Хирошима им оддадоа почит на жртвите од атомската бомба пред 66 години. Одбележувањето на годишнината мина во знакот на новата атомска катастрофа во Фукушима.

default

Пустош по атомската бомба во Хирошима пред 66 години

Јапонскиот премиер Наото Кан положи утрово цвеќе во Паркот на мирот во Хирошима, оддавајќи им почит на жртвите од атомската бомба врз Хирошима. Тој притоа го повтори ветувањето, дека хоророт од Хирошима никогаш нема да се повтори. Јапонија вети, дека никогаш нема да произведува или поседува атомски бомби.

Премиерот уште еднаш ја повтори и намерата, Јапонија да се откаже од користењето на нуклераната енергија, со оглед на последната катастрофа во нуклеарната централа во Фукушима. На церемонијата на сеќавање на жртвите од Хирошима годинава присуствуваа околу 50.000 граѓани.

Bildergalerie Atomwaffen 66 Jahre Hiroshima China Atombombe

Атомската бомба во Хирошима однесе 140.000 човечки животи

Во 8 часот и 15 минути (локално време) на 6 август 1945 година американската војска фрли атомска бомба врз јапонскиот град Хирошима за да ја принуди Јапонија на капитулација. Нападот на крајот на Втората Светска Војна однесе 140.000 човечки животи, а голем дел од градот беше уништен. Три дена подоцна беше фрлена атомска бомба и врз Нагасаки. Во овој напад животот го загубија околу 80 илјади луѓе.

Автор: АТ/ дв/ дпа

Редактор: Борис Георгиевски