1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Хонг Конг: Живот во кафези

За милиони Кинези економскиот бум не значи ништо. Тие живеат на маргините на општеството, во сиромаштија и без пристојно место за живот. Во Хонг Конг се живее и во кафези.

Едно станче, еден кревет недоволен за нормален човек, тоа е секојдневието во Хонг Конг. Повеќе од 10 луѓе делат ваква соба. Кога ќе падне ноќта тие се повлекуваат во своите метални кафези: два метри квадратни простор за спиење, без душеци, два метри квадратни приватност.

Семејството Хо, неколку улици подолу, поседува вистински кревет, но тој зафаќа повеќе од половината од нивната соба. Четворица живеат тука, еден до друг.

„Собата е преполна и има само еден кревет. Јас спијам тука со мојот чичко. Би сакала да имам сопствена соба со сопствен кревет“, вели малечката Ејми Хо.

Во мегаполисот Хонг Конг ништо не е толку на цена како животниот простор. На еден километар квадратен се стискаат во просек 200 илјади луѓе. Богатите Кинези со години инвестираат во недвижности, од 2008 година цените на становите и кириите двојно се зголемија. И цените за животните намирници се на рекордно ниво. Секој шести човек тука живее во сиромаштија.

Ветувањето на новиот премиер беше јасно: тој најави дека во најкраток рок ќе изгради социјални станови, но со повеќе од 200 илјади бездомници тоа не е доволно. Оттука за многумина животот во кафези или во мали соби ќе остане она што е: секојдневие во Хонг Конг.