1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Хомосексуалните бракови ја поделија Франција

Повторно стотици илјади Французи протестираа против воведување на истополови бракови. Кај Триумфалната капија во Париз дојде до судири со полицијата. Безбедносните органи употребија солзавец и гумени палки.

Повеќе од 1,4 милиони учесници, според организаторите вчера (24.03.2013) излегоа на протести. Полицијата од своја страна изброја 300.000 демонстранти. „Не го допирај моето потекло“ или „Сакаме работа, а не хомо-бракови“ стоеше на плакатите на демонстрантите. Протестот беше организиран против предлог законот за дозвола за брак за хомосексуални двојки.

Протестот започна во банкарскиот кварт па се’ до Триумфалната капија. Таму дојде до судири со полицијата, откако околу стотина насилни млади се обидоа да ја урнат блокадата кон Шанс Елизе. Полицијата употреби солзавец и гумени палки, но под притисок на се’ поголем број луѓе не можеше да ги задржи барикадите.

Тема која ја подели нацијата

Paris Proteste gegen gleichgeschlechtliche Ehe

Протест против истополовите бракови

Шефот на козервативната партија УМП, Жан Франсоа Купе лично го обвини социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд дека е одговорен за тоа што биле нападнати „семејствата со нивнитие деца“.

Дозволата за брак за истополови двојки како и правото за посвојување деца се изборни ветувања на Оланд. Темата го подели француското општество, и во изминатите недели стотици илјади граѓани излегоа на демонстрации за и поротив законот.

Гласањето во Сенатот претстои

На 4.април предлог законот ќе се разгледува во Сенатот. Во двата дома на францускиот парламент мнозинство имаат социјалистите на претседателот Оланд. Против оваа намера во прва линија се католичката црква и конзервативната опозиција.

Според анкетите, големо мнозинство Французи се за хомо-браковите, додека мнозинството за правото за посвојување не е големо. Како прва земја во целиот свет Холандија во 2001 година ги воведе браковите меѓу истополови двојки. Во Европа до 2009 година меѓу другите овој чекор го презедоа и Белгија, Шпанија и Шведска. Неодамна и долниот дом на британскиот парламент гласаше за хомо-браковите. Во Германија од 2001 година хомосексуалните двојки можат да склучат, да регистрираат животно партнерство.