Холокауст | Теми | DW | 16.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Холокауст

Холокауст, на хебрејски Ха-шоа, е термин кој се користи за масовното систематско убивање на околу шест милиони Евреи во текот на Втората светска војна од страна на нацистичкиот режим во Германија.

Почетоците на систематскиот прогон и убиства на Евреите стартуваат веднаш по доаѓањето на власт на нацистичката партија во Германија во 1933 година. Прогонот на Евреите кулминира низ цела Европа со почетокот на Втората светска војна. Нацистите ги убиваат Евреите во логори на смртта распослани во повеќе источно-европски земји и во Германија. За време на војната нацистичкиот режим негира дека се случува геноцид над Евреите, а целосните размери на ужасното сценарио се откриваат дури по завршувањето на Втората светска војна.

Покажи повеќе написи