1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Холивуд го подготвува филмот за Мајка Тереза

Првиот холивудски игран филм за Мајка Тереза е во подготовка. Режисерот и главните глумци се‘ уште се бараат, а снимањето треба да почне на крајот на оваа година во Индија.

Како што објавува американскиот филмски магазин „Вараити“, почнати се подготовките за првиот игран филм за светски познатата хуманитарка Мајка Тереза. Филмскиот продуцент Тони Кранц му ја доверил на познатиот сценарист Кир Пирсон („Хотел Руанда“) работата за планираната филмска биографија „I Thirst“, пишува „Вараити“. Снимањето треба да почне на крајот на оваа година во Индија. Се‘уште не се знае кој ќе биде режисерот и главните глумци. Кранц изјавил дека тесно соработува со Центарот Мајка Тереза.

Филмот ќе биде приказна за раната мисионерска работа на Мајка Тереза, која почина во 2007. година. Таа е родена како Агнеза Гонџа Бојаџиу во Скопје, Македонија. Како 19-годишна калуќерка стигнала во Индија, каде во 1950. година го основала редот Мисионери на милосрдието. Светски позната Мајка Тереза стана во 1979. година со добивањето на Нобеловата награда за мир . Мисионери од редот која таа го основа во меѓувре еима во 135 земји во светот. Околу 5 илјади сестри се грижат за болните и оние на умирање, децата сираци и сиромашните.