1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Холивудката sвезда Франка Потенте се врати во Берлин

Германската актерка Франка Потенте , најпозната по улогата на енергичната црвенокоса во Трчај Лола се врати во Германија , по успешниот холивудски излет. Таа во својот нов филм- научната-фантастика во германска продукција наречена Блупринт игра двојна улога.

Потенте експлодираше на филмската сцена како атлетски градената , девојка со коса во боја на пламен Лола , која безнадежно ги претрчуваше улиците на Берлин , во големиот хит филм од 1998 година Трчај Лола. Оттогаш , 29 годишната Франка ,нема време да погледне наназад . Нејзината кариера се разви со подеднаква брзина , како и филмот кој стана хит во киносалите ширум светот.

Не мина многу време пред Холивуд да зачука на вратите. Потенте,на која и се припишуваат заслуги за потикнувањето на ренесансата на германскиот филм , својот прв филм на англиски јазик го сними во 2001 година. Таа глумеше покрај голамата холивудска sвезда Џони Деп во филмот Блоу. Веднаш потоа таа му беше партнерка и на Мет Дејмон во римејк-трилерот Борновиот идентитет.

Во неодамнешното интервју за ДВ, Потенте признава дека уживала во третманот на sвезда , кој и бил понуден во срцето на најжестоката филмска индустрија . "Ние во Германија немаме систем за создавање и третман на sвезди"-вели Потенте која како што истакнува не била навикната на начинот на кој Холивуд без многу двоумење ја лансирал во врвот на својата листа на славни. Но таа ги изненади своите обожуватели , кога неодамна повторно се пресели во Берлин од Лос Анџелес, едноставно изјавувајќи "Започна да ми недостасува мојот живот во Берлин". Таа потенцираше дека едногодишниот престој во Лос Анџелес се должел повеќе на приватни причини , отколку на професионални.

Како и да е враќањето на Франка во Германија , не значи и крај на нејзината кариера во Лос Анџелес. Можноста да работам во САД , нормално дојде по пробивот на Трчај Лола меѓу светските хит филмови и таа можност останува. Јас би прифатила ангажмани кои би ми се допаднале таму исто како што тоа го правам во Германија.

Актерката , која има нов лук на долгокоса блондинка , во моментов повторно е опсипана со пофалби за последната филмска улога , која значи и нејзино враќање во германскиот филм, за прв пат по три години.

Потенте игра двојна улога на мајка и ќерка во последниот научно фантастичен филм Блу Принт , кој во минатата недела започна да се прикажува во киносалите ширум Германија.

Направен според книгата на Шарлоте Јенер , и во најголем дел сниман во Канада , Блупринт е приказна за извонредно талентираната и меѓународно славена пијанистка и дива Ирис Селен , чија кариера се заканува да добие горчлив крај , откако таа открива дека боледува од мултиплекс склероза. Селен потоа се среќава со еден експерт за оплодување , кој и упатува бизарна понуда - нејзино клонирање со цел да биде зачуван неверојатниот музички талент.

Потенте, во Блупринт кој е во режија на Ролф Шибел ја игра мајката и клонираната ќерка Сири.

Инаку критиката упатува на фактот дека филмот се појавува во вистинско време со оглед дека дебатата околу етичките и моралните консеквенци на клонирањето во Германија и насекаде во светот се вжештува. Франка од своја страна вели дека не би сакала да клонира никого па дури ни себеси.

Таа не открива што следува во нејзините професионални планови, но истакнува дека сака да остане во берлин : Би сакала повторно да направам филм во берлин . Обожувателите ќе чекаат за да видат дали свездата родена во Минстер , ќе може уште еднаш да извлече победоносна формула во некој филм кој се случува во Берлин , каков што беше примерот со Трчај Лола.