1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Холбрук смета дека независност на Косово би признале САД и повеќето земји на ЕУ

*



Поранешниот американски преговарач за Балканот, Ричард Холбрук, оцени дека САД и повеќето земји на ЕУ, набргу по 10 декември би ја признале независноста на Косово, откако преговарачката тројка ќе ги извести ОН дека не успеала да ја спроведе задачата за постигнување консензус околу идниот статус на покраината. Во колумна за весникот “Вашингтон пост“, Холбрук пишува дека најголемиот проект на ОН и осумгодишната администрација на Косово ќе се заврши со голема тензија и закана тоа да се прошири на целиот Балкан. Според Холбрук, американскиот претседател, Буш, би требало да направи уште еден напор и да испрати привремено дополнителни американски војници во рамките на НАТО на Косово за да се спречи евентуално ново насилство. Утре во САД на серија разговори за Косово и Блискиот исток е високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана. Утре во виенската бања, Баден почнуваат и решавачките разговори на Белград и Приштина за идниот статус на Косово, со посредство на Тројката на Контакт групата.