1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Холанѓаните (очекувано) рекоа НЕ за уставот на ЕУ

Разочараноста му се чита на лицето: холандскиот премиер Балкененде синоќа по објавувањето на резултатите од референдумот

Разочараноста му се чита на лицето: холандскиот премиер Балкененде синоќа по објавувањето на резултатите од референдумот

„Се разбира дека сум многу разочаран. Но, мојата влада ќе го прифати резултатот. Мислењето на народот е мислење на Холандија“ – изјави холандскиот премиер Јан Петер Балкененде по објавувањето на всушност очекуваниот исход на референдумот. Референдумскиот исход е политички пораз за него, но Балкенеде исклучи можност за оставка. И тој, а и опозициониот социјалдемократски водач Вутер Бос, најавија дека опстојуваат на процесот на европска интеграција - Ден Хаг ќе остане европски партнер од доверба.

Веќе денеска ќе се состане парламентот, кој како ни владата не може да го игнорира резултатот, бидејќи големите партии ветија дека ќе ја прифатат волјата на народот доколку на референдумот излезат најмалку 30 насто од гласачите. На крајот, процентот на учество изнесуваше речиси 63 проценти а 61,6 насто од нив гласаа против европскиот устав.