1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Холандија се откажа од организација на ЕП во ракомет

Холандската федерација во последен момент, пред закажаната жрепка за групната фаза во која е и Македонија, се откажа од организација на првенството

default

Европското ракометно првенство во женска конкуренција нема да се игра во Холандија, како што првично беше планирано.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека оваа земја се откажала од организацијата на континенталното првенство кое ќе се одржи од 4. до 16. декември.

Холанѓаните во понеделникот испратиле допис до ЕХФ во кое информирале дека не се во можност да го организираат ЕП. ЕХФ преговара со неколку земји кои би можеле да ја превземат организацијата на континенталното натрпеварување.

Извлекувањето на групите кое беше закажано за 6. јуни во Ротердам е откажано и ќе биде дополнително одредено местото на кое ќе бидат извлечени составите на четирите групи.

Како сериозен кандидат за организација на ЕП се споменува Србија, која во јануари беше домаќин на машкиот ракометен собир, а самата земја за организацијата доби пофалби од страна на ЕХФ.

Учеснички на ЕП ќе бидат и македонските ракометарки кои во конкуренција на Франција, Турција и Литванија обезбедија учество на првенството.