1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Холандија незадоволна од мигрантите

Холандија се смета како посебно толерантна, пријателски расположена кон странците и како мултикултурна земја. Овој впечаток се стекнува и по улиците на големите градови како Амстердам, на пример. Меѓутоа, под површината врие од пробелми на заедничкиот живот на различни култури, проблеми со кои се занимаваше една парламентарна истражна комисија која вчера го претстави извештајот за интеграционата политика на Холандија. Засега е јасно дека во земјата кај голем дел од населението владее незадоволство од досегашната политика на вселување.Политичарите од сите демократски партии беа згрозени кога десниот популист Пим Фортејн пред две години не се воздржуваше јасно да каже: "Холандија не може да биде доселеничка држава, зашто што е многу, многу е".
Провокативните пароли на подоцна убиениот Фортејн меѓутоа претставуваа пробивање на едно табу, смета политилогот и публицист Пол Шефер од Амстердам. Во меѓувреме и голем број политичари сметаат дека холандската политика на доселување не успеа, вели Шефер:
"...зашто 40-годишната имигрантска историја водеше кон едно општество во кое се продлабочи социјалната нееднаквост и се гледаат доста големи групи имигранти кои одвај да земаат учество во работниот процес и се повеќе се повлекуваат во сопствените заедници". Владината партија ФДП на пример, и префрла на муслиманската заедница дека се изолира место да се интегрира. Пратеничката Ајан Хирси Али и самата керка на муслимански родители, вели дека се газат западните вредности како еднаквоста на мажот и жената. Таа бара затворање на повеќето од 40-те исламски училишта во Холандија. Нејзиниот аргумент: во таквите училишта седат деца од сопствената етничка група без контакт со истите такви училишта на холандските деца. Всушност, смета Паул Шефер, политиката доселениците со години ги чуваше во памук. Кој немаше работа го преземаше социјалната држава, никогаш од првите генерации имигранти не беше побарано да ги познаваат хландскиот јазик и историја. Последовно и втората генерација беше воспитувана на мајчиниот јазик и традиции. Различните етнички групи често живеат во квартови на големите градови слични на гета, како во хашкото предградие каде што во минатата недела еден турски ученик го застрела својот наставник. Ова убиство се чини им даде право на оние кои со години бараат доселениците да живеат распрскано , а не на куп. Многумина странци се лошо образувани и без работа. Сега, кога државата веќе не може да го носи товарот, политичарите од сите партии повлекуваат сопирачка. Шефер со следниов став: "Ако се практикува таков вид мултикултурна дипломатија тогаш ни луѓето не се конфронтират со непријатните факти. Мислам дека на ова му дојде крајот. Има многу конфликти и конфронтации, некои страхуваат дека е невозможно да се контролираат и можеби затоа ни треба оваа фаза за да изградиме нешто ново". Демохристијаните предлагаат во иднина да се отежне доаѓањето на брачните партнери на оние мигранти кои се веќе во Холандија, социјалдемократите пак сметаат дека веќе не смеат да се примаат неписмени, додека поранешната Фортејн партија во Ротердам бара радикално запирање на доселувањето странци во градот. Последниот извештај за интеграцијата на сите овие идеи допрва ќе им даде забрзување.