1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Холандија го избра проевропскиот курс

Пет месеци откако пропадна десноцентристичката влада Холанѓаните избраа нов парламент. Партијата на премиерот Руте извојува изборна победа.

Dutch Prime Minister and Liberal Party (VVD) leader Mark Rutte reacts on stage after the final results in the Netherlands' general election in The Hague September 13, 2012. Rutte early on Thursday claimed victory in Wednesday's general election. REUTERS/Yves Herman (NETHERLANDS - Tags: POLITICS ELECTIONS)

Wahlen Niederlande Mark Rutte Wahl

Десно либералната владина партија Народна партија на слободата и демократијата победи на предвремените парламентарни избори во Холандија. Партијата на Марк Руте освои 41 од вкупно 150 мандати. Досегашниот премиер на Холандија Руте и лидер на либералната десноцентристичка Народна партија на слободата и демократијата веќе прогласи победа на предвремените парламентарни избори.

Wahlen Niederlande Mark Rutte Diederik Samsom Wahl

Марк Руте и Дидерик Самсом

Социјалдемократите со кандидатот Дидерик Самсом се втора политичка сила во земјата. Тие освоија 39 мандати. Самсом го призна поразот и соопшти дека телефонски му честитал на Руте за победата.

Евроскептичарите не добија поддршка. Големи загуби претрпе десниот популист Геерт Вилдерс, кој во изборната кампања се заложи за истапување на Холандија од Европската унија и еврото.

Овие резултати би овозможиле владина коалиција меѓу партијата на актуелниот премиер и социјалдемократите. Руте вети дека веднаш ќе ги направи првите чекори за составување на новата влада, но не посочи кон кои партии ќе се обрати за формирање на владеачката коалиција.

Поврзана содржина