1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Ходорковски побара швајцарска Шенген виза

Поранешниот руски тајкун и затвореник, Михаил Ходорковски, кој по една деценија излезе од руски затвор минатата недела, денеска (24.12.) побара тримесечна Шенген виза за да патува во Швајцарија.

„Ходорковски го поднесе ова барање во швајцарската амбасада во Берлин“, информира швајцарското Министерство за надворешни работи. Портпаролот на швајцарското МНР Штефан вон Белов изјави дека по барањето за тримесечна виза ќе се постапи во следните денови. Тој одби да даде повеќе детали, повикувајќи се на правилата за заштита на приватноста.

Интересно е дека и Германија е дел од Шенген зоната, во која се наоѓаат најголем дел од членките на ЕУ и неколку земји надвор од овој блок, меѓу кои спаѓа и Швајцарија. Ходорковски претходно доби германска виза со важност од една година.

По ослободувањето од затвор поранешниот олигарх допатува веднаш во Германија, откако во петокот (20.12.) беше изненадувачки помилуван од претседателот Владимир Путин. Веројатно Ходорковски ја бара визата за во Швајцарија поради тоа што неговите синови-близнаци учат во оваа земја. Втората сопруга на Ходорковски, Ина, има дом во Женева, каде што беа и некои од неговите компании.

Michail Chodorkowski und Familie 22. Dez. 2013

Ходорковски фотографиран со дел од фамилијата во Берлин

„Семејството се спојува денеска. Тие не беа заедно 10 години“, рече неговата портпаролка Олга Писпанен. Таа објасни дека Ходорковски ќе се сретне со сопругата и нивните три деца на денешниот Бадник во Берлин.

Ходорковски денеска го поздрави ослободувањето на членките на панк-бендот „Пуси рајот“, велејќи дека е среќен што заврши тортурата врз нив.

„Ослободувањето на политичките затвореници ги прави властите малку похумани“, рече 50-годишниот Ходорковски во изјава објавена на неговата вебстраница.