1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Ходорковски не би се активирал во политика

Критичарот на Кремљ Михаил Ходорковски кој во петокот, по помилувањето од рускиот претседател Путин и ослободувањето од затвор, долета во Германија, денеска изјави дека руските власти сакале тој да замине од земјата.

Поранешниот нафтен магнат денеска изјави дека нема да се активира во политиката, ниту да побара враќање на имотот од неговата поранешна компанија „Јукос“. Во интервју за рускиот магазин „Новоје времја“, Ходорковски рече дека неговото помилување не било условено со одредени услови. Но, како што изјави, тој во едно од писмата до Путин напишал: „Јас немам намера да се инволвирам во политика и немам намера да се борам за враќање на имотот на ’Јукос’“. Сепак, во интервјуто Ходорковски посочува дека тој не бил посакуван во земјата по излегувањето од затво.

„Можам искрено да кажам дека нашите власти не ме пратија во егзил, ниту дека јас го побарав тоа. Но, знаејќи ја нашата реалност, ние апсолутно прецизно можевме да разбереме дека тие посакуваа да заминам од земјата“, изјави Ходорковски во интервјуто.

Michail Chodorkowski Berlin 22.12.2013

Михаил Ходорковски се сретна денеска во Берлин со група новинари

Тој признава дека неговото брзо излегување од затвор било менаџирано: „Ако некој сакаше да направи филм за 70-те години и депортацијата на дисидент, тогаш не можеше да се направи подобро“.

Ходорковски за денеска планира прес-конференција пред новинари во Берлин. Пред неа тој разговараше со група новинари и повтори дека никогаш не признал вина за затајување на данок и за обвиненијата за проневера.

„Властите секогаш посакуваа сведоштво за вина од мене, но тоа не беше прифатливо за мене“, рече денеска Ходорковски. Тој пред новинарите во Берлин рече дека во писмото со барање за помилување тој не испратил и пишан исказ за вина. Прашан дали му е благодарен на рускиот претседател за помилувањето, Ходорковски рече: „Среќен сум за неговата одлука“.

Ходорковски на новинарите во Берлин им изјави дека не може да се врати во Русија поради судската наредба да плати петстотини милијарди долари, кои се однесуваат на неговото прво обвинение од 2005 година. Тој вели дека ваквата судска одлука и натаму е на сила. Ако се вратам во Русија, „рускиот занкон може да не ми дозволи да заминам од земјата“, рече Ходорковски.

Тој во Германија доби годишна виза за престој, а веќе е поднесено барање за одобрување негов подолгорочен престој.