1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Хитови 2010

Годината што измина донесе многу хитови, од поп-химни како Bad Romance, песни од светското првенство во фудбал, па се` до евергрини како Over The Rainbow. Ова се песните што го освоија врвот на Германскиот топ 10.

default

Lena по долго време повторно и` ја донесе победата на Германија на Евровизија

I Like - Keri Hilson

Годината почна успешно за американската пејачка Keri Hilson, а таа се надева дека и крајот ќе биде исто толку успешен. На 21. декември во продажба излезе нејзиниот втор студиски албум, кој го носи насловот No Boys Allowed. Плочата и овојпат е продуцирана од Timbaland.

I Will Love You Monday - Aura Dione

Родена во данската престолнина Копенхаген, Aura Dione во себе носи делови од многу различни култури, меѓу другите и од шпанската. Поради екстравагантниот стил на облекување често ја споредуваат со Lady Gaga, меѓутоа таа тврди дека отсекогаш имала афинитети кон чудни парчиња облека. Годинава Aura Dione издаде уште два сингла од својот деби албум, меѓутоа ниту еден не го надмина успехот на I Will Love You Monday.

Lady Gaga Flash-Galerie

На почетокот од 2011 година излегува новиот албум на Lady Gaga, Born This Way

Bad Romance - Lady GaGa

Изминатата година беше екстремно успешна за Lady Gaga. Меѓу другото, може да се пофали и со првото место на Германската сингловска листа кон средината на јануари со темата Bad Romance. Инспирацијата за песната Gaga ја пронашла за време на турнејата во 2008 година, кога меѓу другите европски земји ја посети и Германија. Таа била воодушевена од германската техно музика и сакала да направи нејзина поп-верзија. На тој начин настанал синглот Bad Romance, кој во 2010 година ги собра сите можни музички награди.

Tik Tok - Kesha

Од крајот на јануари до првата половина од март - цели шест недели Kesha беше германски број еден со синглот Tik Tok. Освен во Германија, таа го освои врвот на листите во уште единаесет други држави. Критичарите различно реагираа на песната. Додека едните го славеа слободниот начин на живот и лудите ноќни забави за кои пее Kesha, други сметаа дека песната иритира и не е ништо поразлична од оние на Lady Gaga и останатите слични пејачки.

Alors On Danse - Stromae

На средината на март Германија беше под белгиско влијание - барем што се однесува до музиката. Stromae се искачи на врвот на Германскиот топ десет со темата Alors on Danse. Првото објавување на песната беше во 2009 година во Белгија, додека останатиот дел од Европа мораше да чека до февруари 2010. Четири месеци подоцна, синглот се продаде во повеќе од еден милион примероци.

DSDS Mehrzad Marashi Flash-Galerie

Mehrzad Marashi најавува албум во 2011, со песни претежно на германски

Satellite - Lena Meyer-Landrut

Кон крајот на март, пак, почна приказната наречена Lena на Евросонг, која беше крунисана со победата на германската претставничка. Претходно, Lena беше анонимна матурантка од Хановер, која се пријави на шоуто за таленти, чија цел беше да избере германски претставник за Евровизија. Гледачите одлучија тоа да биде токму таа со синглот Satellite. Годинава, градот Дизелдорф ќе биде домаќин на евровизиската манифестација, а Lena ќе ја брани титулата во име на Германија.

Don't Believe - Mehrzad Marashi

Првите неколку месеци по победата на германскиот Поп Идол беа успешни за Mehrzad Marashi, но сонот за голема кариера и полни концертни сали се скрши во август, кога турнејата на Marashi мораше да биде откажана поради премалата продажба на карти. Кратко потоа, тој соопшти дека ја прекинува соработката со продуцентот Dieter Bohlen, главниот судија на Поп Идол, и дека во 2011 година ќе издаде албум, на кој поголемиот дел од песните ќе бидат на германски.

На следната страница - хитовите од мај до декември!

WWW-линкови