1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Хитови во 2009 година

Германскиот топ десет забележа 14 број еден хитови во 2009 година. Во продолжение потсетување на нив и периодот кога тие беа актуелни.

default

Lady GaGa - трипати на шампионското место во Германија

01.01. - 29.01. Katy Perry - Hot N' Cold

Нејзиниот најголем хит досега дефинитивно останува I Kissed A Girl, од албумот One Of The Boys, но и Hot N' Cold не помина ништо полошо. Во 2009 година, четири недели на врвот во Германија. Новиот материјал од Katy Perry можеме да го очекуваме во 2010 година, а албумот ќе биде насловен The B-sides.

30.01. - 05.03. James Morrison ft. Nelly Furtado - Broken Strings

Broken Strings е третиот сингл од вториот студиски албум на James Morisson, насловен Songs for You, Truths for Me . Ова е засега најуспешниот сингл на James Morisson, освојувајќи ги шампионските позиции во повеќето европски земји, меѓу кои и Германија и Швајцарија.

06.03. - 12.03. Silbermond - Irgendwas bleibt

Silbermond Flash-Galerie

Stefanie Kloss и Thomas Stolle - дел од бендот Silbermond

Синглот Irgendwas bleibt беше најава за новиот, трет студиски албум на еден од најуспешните германски бендови, Silbermond. Плочата Nichts passiert излезе во продажба на 20 март и во првата недела од продажбата веќе беше најпродаван албум во Германија, Австрија и Швајцарија.

13.03. - 28.05. Lady GaGa - Poker Face

Критичарите пишуваа дека Lady GaGa го освежила светот кога тоа најмногу му било потребно во време на финансиската криза, а фановите, пак, се прашуваа - што треба да значи Poker Face?! На еден од нејзините концерти, Lady GaGa објасни дека тоа е, всушност, метафора за нејзината бисексуалност.

29.05. - 18.06. Daniel Schumacher - Anything But Love

DSDS-Gewinner Daniel Schuhmacher

Кастинг-ѕвездата Daniel Schuhmacher засега успеа да лансира само еден хит на првото место

Кастинг-ѕвездата Daniel Schuhmacher беше победникот во шестата сезона на германската верзија на шоуто Поп-идол. А како што обично се случува со победниците од ваквите кастинг-шоуа, претходно немале никакво музичко образование и се занимавале со сосема обични професии. Daniel Schuhmacher, на пример, завршил стручно образование за продавач.

19.06. - 02.07. Lady GaGa - Poker Face

03.07. - 27.08. Emiliana Torrini - Jungle Drum

Jungle Drum e третиот сингл од третиот албум на Emiliana Torrini, Ме And Armini. Песната ќе поминеше прилично незабележана во Германија, доколку не се појавеше во Germany's Next Top Model, шоуто на германскиот топ-модел Heidi Klum, каде се пријавуваат девојки чија амбиција е да ги освојат светските модни писти.

28.08. - 01.10. Marit Larsen - If A Song Could Get Me You

Norwegische Sängerin Marit Larsen

Marit Larsen пет последователни недели на врвот во Германија

Мarit Larsen доаѓа од Норвешка, каде веќе е добро позната, а синглот If A Song Could Get Me You беше првиот што доживеа и интернационална промоција и беше издаден во Германија, Швајцарија и Австрија.