1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Хирошима одбележува 67 години од атомската бомба

Хирошима ја одбележува 67 години од првото бомбардирање со атомската бомба, со повик да се уништат нуклеарните арсенали.

Во јапонскиот град Хирошима денеска се одбележуваат 67 години од паѓањето на првата атомска бомба.

Околу 50.000 луѓе се собраа во Паркот на мирот во Хирошима во близина на местото каде што беше фрлена атомската бомба во 1945 година, кога загинаа околу 140.000 луѓе и поголем дел од градот беше уништен.

Премиерот Јошихико Нода изјави дека Јапонија е должна да споменува за она што преживеа, за меѓу идните поколенија да не бидат заборавени поуките од Хирошима. Градоначалникот Казуми Матцуи се заложи за уништување на целото атомско оружје ширум светот. Тој ги повика лидерите на сите атомски сили да ја посетат Хирошима.

Japan Atombombe Hiroshima

Фотографија направена еден месец по фрлањето на првата атомска бомба врз цивилни цели

Мацуи нагласи дека државата треба да ги предводи напорите за разоружување и додаде дека инцидентот во Фукушима од лани покажал опасности што ги носат нуклеарните технологии, дури и кога се за мировни цели.

На 6-ти август 1945 година САД фрлија атомска бомба врз западно-јапонскиот град Хирошима. На 9-ти август цел на атомски напад беше и градот Нагасаки. Бројот на жртвите изнесува преку 280.000.