1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Хималаја – планинари

*

Поголем број планинари кои беа во експедиција на Хамалајите се повторно на сигурно. Нив ги изненадија силни врнежи на снег, така што преку 100 планинари од повеќе земји се водеа привремено како исчезнати. Во акцијата за нивно спасување учествуваа и воени хеликоптери, посебно кога станува збор за четворочлена руска експедиција. Три други групи во кои имаше и германски и австралиски граѓани успеаја сами да се вратат до висинските кампови.