1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Хил:следните шест месеци клучни за членство во НАТО

*

„Поканата за членство во НАТО, Македонија мора да ја одработи во следните шест месеци кои се историски за земјата“, изјави денеска во Скопје, Кристофер Хил помошникот државен секретар на САД. По средбата со македонскиот премиер Никола Груевски, Хил порача дека за остварување на таа цел е важно сите да се обединат,а особено да соработуваат политичките партии. Хил за шансите на Македонија во НАТО, разговараше и со првиот човек на Собранието, Љубиша Георгиевски и претседателот Бранко Црвенковски. Поранешниот американски амбасадор во Македонија, Хил денеска од Црвенковски ќе биде одликуван со орден 8 септември. Го добива заради неговиот придонес во зацврстувањето на односите и соработката меѓу Македонија и САД.