1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хилари Клинтон во посета на Пекинг

Економската криза и безбедносно политичките прашања се централни теми на посетата на министерка за надворешни работи на САД, Хилари Клинтон на Пекинг. Со кинеското раководство ќе разговара и за климатските промени.

default

Американската министерка со кинескиот претседател

САД имаат намера да ја продлабочат соработката со Кина за решавање на глобалните прашања. Американската министерка за надворешни работи, Хилари Клинтон во Пекинг рече дека соработката мора да се надградува за поефикасно да може да се решат глобалните проблеми како економската криза или климатските промени. На состанокот со претседателот на Кина, Ху Ѓинтао, Клинтон изрази надеж дека ќе почне нова ера во меѓусебните односи.

Clinton in China

Хилари Клинтон со кинески премиер Вен Ѓијабао

На средбата со кинескиот премиер, Вен Ѓијабао денеска во Пекинг, Хилари Клинтон пак подвлече дека САД имаат интерес за силно партнерство меѓу двете земји. Претходно Клинтон се сретна и со нејзиниот ресорен колега, кинескиот министерот за надворешни работи, Јан Јиечи.

Теми на средбите на Клинтон со кинеските домаќини во прва линија се светската економска криза и безбедносно политичките прашања, како и атомската програма на Северна Кореја. За таа цел министерката оствари средба со државниот советник Даи Бингао, кој долги години се занимава со севернокорејското прашање. Имено американската министерка има намера да ги усогласи наредните чекори на САД во врска со Северна Кореја, со соседите на оваа земја. На средбите нема да изостанат ниту разговорите околу климатските промени, како и ситуацијата во Тајван и на Тибет.

„Имаме намера да ги продлабочиме и надградиме нашите односи“ рече Клинтон за американско - кинеските односи. Таа воедно и најави дека американскиот претседател, Барак Обама, на претстојниот самит за надминување на светската економска криза на 20. индустриски и земји во развој во Лондон, ќе оствари средба со неговиот кинески колега, Ху Ѓинтао.

Критика од Амнести Интернешнл и Хјуман Рајтс Воч

Организациите за заштита на човековите права жестоко ја критикуваа посетата на Клинтон на Кина. Имено уште пред почетокот на посетата, Клинтон најави дека состојбата со човековите права во Кина нема да биде централна тема на нејзината посета на Пекинг. Дискусијата за другите теми како на пример економската криза не би требало да биде засенета од прашањето за човековите права, смета Клинтон. Амнести Интернешнл изрази шокираност и разочараност „Соединетите држави се едни од малкуте земји, кои во Кина може да се заложат за почитување на човековите права“ порача портпаролка на Амнести Интернешнл. Жестока критика на сметка на американската министерка упати и Хјуман Рајтс Воч.