1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хилари влегува во претседателска трка

Хилари Клинтон сака да се врати во Белата куќа и тоа како претседател.

default

Сенаторката и бившата прва дама на САД најави први подготовки за учество на претседателските избори во 2008 година:

-Објавувам денеска дека формирам претседателски подготвителен комитет.Не стартувам со кампања,почнувам со разговори,со Вас,со Америка.Да разговараме за тоа како да ставиме вистински крај на војната во Ирак и да го вратиме угледот на Америка низ цел свет.

По шест гоидни со Џорџ Буш,време е за обновување на ветувањата за Америка,вели Клинтон на интернет страницата.

Формирањето на подготвителен комитет инаку во САД е првиот чекор кој официјално води кон кандидатура за претседател.Ако 59 годишната Хулари Клинтон настапи за Демократите и победи,таа би била првата претседателка во историјата на САД.

Пред нејзината кандидатура за сенаторка на Њујорк,во 2000 година Клинтон стартуваше тура на разговор и слушање на гласачите,патувајќи со автобус,со што сакаше да го наслушне нивното расположение.Таа порано работеше како адвокат и особено се ангажираше за правата на децата.

Со право с еочекува дека Хилари Клинтон ќе биде сериозен кандидат.Како нејзин најсилен конкурент важи сенаторот од Илиноис,Барак Обама .Тој исто така пред неколку дена веќе формираше подготвителен комитет за својата кандидатура.Тој пак би бил првиот црн претседател на САД.Членовите на Демократската партија би морале да извршат интерен избор и да се решат меѓу овие двајца.Иако,во моментов многумина Демократи се прашуваат дали Америка е доволно зрела за да прими една жена или црнец во Белата куќа.Според една актуелна анкета на америакнсаката телевизија АБЦ Њус и на весникот Вашингтон пост Клинтон води пред Обама со 41 наспрема 17 проценти.

Сегашниот претседател Џорџ Буш по два мандати веќе нема право да се кандидира.Со тоа,и Републиканците мора да изберат нов човек за челната функција во државата.Меѓу аспирантите од Републиканската партија кои веќе имаат фпрмирано подготвителни експертски комитети,е и поранешниот градоначалник на Њујорк,Рудолф Џулијани.Според споменатата анкета,Џулијани води со 34 проценти пред сенаторот Џон Мек Кеин со 27 насто гласови.