1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Хеџ-фондовите: скакулци или сериозен капитал?

На неодманешната средба на министрите за финансии на Групата седум најразвиени индустриски земји посебно внимание им беше посветено на таканаречените хеџ-фондови и потребата од поголема контрола врз нив зашто работата исклучително ризично и со огромен капитал. Што е тоа хеџ-фонд?

default

Во основа тоа е форма на вложување што служи за апсолутна максимализација на добивките и не е подложна на скоро никакви правила. Тоа важи и кога ваквиот фонд купува некоја фирма или учествува во неа, без никаков обѕир кон вработените или местото на производството. Германскиот вице-канцелар Франц Минтеферинг овие фондови ги спореди со рој скакулци со што предизвика многу жива дебата. Притоа беше превидено дека постојат и сериозни учества на капиталот што и во Германија се повеќе добиваат на значење:

Библиските роеви скакулци кои јадат се на што ќе наидат и потоа продолжуваат во потрага по нова храна, за германскиот вице-канцелар Минтеферинг и натаму е соодветната споредба со безобѕирните инвеститори. Томас Питнер од германскиот сојуз на друштвата за учество на капиталот, не ја прифаќа таа споредба и не сака да слушне за неа:

„Јас си ветив дека тој животински израз воопшто нема да го спомнувам зашто го сметам за сосем неумесен. Сепак, гледаме дека таа бранша во Германија, и покрај пречките што постојат, позитивно се развива, но не толку динамично како што тоа се случува во други земји„.

На меѓународен план, браншата во Германија заостанува, иако инвестииците на германските Хеџ-фондови во минатата година со 3,6 милијарди евра беше поуспешна за скоро 20 проценти во однос на претходната. За нови фирми или темелни проекти од овие пари беа насочени 6,4 проценти. Истовремено, меѓутоа, овие инвестициони фондови со 2,8 милијарди евра не успеаја да соберат повеќе нови пари како во претходната година:

„Морам да кажам дека за третата или четрвртата економија во светот, тоа не е многу. Се проценува дека во оваа година Европа и САД заедно ќе соберат 500 милијарди евра нови пари. Во минатата година таа сума изнесуваше 300 милијарди. Ние во Германија со 2,8 милијарди сме само мал учесник„.

Тоа би можело да се промени ако успее донесувањето на новиот поповолен закон за учеството на фирмите. БеФауКа, меѓу другото бара оние што инвестираат во приватни фондови за учество, даночно да бидат третирани исто како инвеститорите што ги финансираат фирмите по директен пат. Освен тоа, овој сојуз бара даночни олеснувања за учество во основањето фирми. Ова таканарачено, сид-финансирање во минатата година изнесуваше само 31 милион евра:

„Една од причините зошто таа сума беше толку ниска е што во Германија постои целосно оданочување на добивките, ако се има повеќе од еден процент во некоја фирма. Ставете се во ситуација на некој што вели дека би сакал на млад човек да му финансира некоја идеја. Тој секако ќе има повеќе од еден процент во таа нова фирма, но инвеститорот страхува со оглед на ризикот дека целосно ќе биде оданочен„.

Барањата на БеФауКа наидуваат на разбирање во сојузното министерство за финансии. Веќе постои и научна анализа за можностите за поддршка на приватното учество на капиталот. Сепак, политичарите се воздражни и укажуваат на социјалната пазарана економија. Како што неодамна изјави вице-канцеларот Франц Минтеферинг:„Не сакам светот да го владеат парите„.