1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Хејг очекува датум за преговори за Македонија и Србија

Велика Британија се залага за натамошно проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, изјави шефот на британската дипломатија. Хејг изрази оптимизам дека Македонија и Србија ќе добијат датум за почеток на преговорите.

Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг синоќа во Загреб изјави дека се надева оти Европскиот совет на следниот состанок ќе им одреди на Србија и на Македонија датум за почеток на пристапните преговори.

„Одредувањето датум зависи од нивниот прогрес во исполнувањето на критериумите на ЕУ за членство. Се надевам дека Советот ќе се заложи за натамошно проширување, но тоа е одлука што мора да биде донесена едногласно“, рече Хејг по средбата со хрватската министерка за надворешни работи и европски прашања Весна Пусиќ.

Велика Британија, како што нагласи Хејг, се залага за натамошно проширување на ЕУ со сите земји од Западен Балкан, но прогресот на секоја од нив ќе зависи од постигнувањата што ги имаат на тој пат.

Весна Пусиќ истакна дека Хрватска го дели ставот на Лондон дека Југоисточна Европа треба да стане дел од ЕУ.