1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хејг: Иран ќе предизвика нова Студена војна

Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг предупредува на опасностите од развојот на иранската нуклеарна програма

default

Вилијам Хејг

Иранските активности за да произведе нуклеарно оружје ќе покренат нова Студена војна во регионот на Блискиот и на Средниот Исток, изјави британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг.

Во интервју за „Дејли телеграф“ Хејг предупреди дека нуклеарната програма на Иран ќе создаде и трка во вооружувањето меѓу земјите од тој регион, што ќе влијае за продолжување на некогашното старо ривалство, што постоеше меѓу Западот и поранешниот Советски Сојуз.

Хејг наведе дека Велика Британија не поддржува воена опција, како и воена акција против Иран, ниту поддржува израелски напад врз иранските нуклеарни постројки.

Таквите планови се „целосно погрешни“ наведува шефот на британскиот Форин Офис, иако се согласува дека е „сосема јасно“ оти Иран продолжува интензивно со својата нуклеарна програма.

Според Хејг, доколку Иранците успеат да обезбедат капацитети за производство на нуклеарно оружје тогаш е сосема сигурно да се очекува дека и другите околу него ќе го направат истото, што ќе значи забрзано зголемување на нуклеарното оружје, најголемо откако тоа е измислено. Таквиот развој на работите ќе го дестабилизра регионот и ќе предизвика катастрофални последици за вкупните меѓународни односи.

Иран продолжува да тврди дека неговата нуклеарна програма има мирнодобски цели додека Западот се сомнева дека зад тоа се крие изградбата на капацитети и опрема за изградба на атомска бомба.

Министерот Хејг се согласува дека сега сите опции се отворени, но инсистира дека Велика Британија заговара силен меѓународен притисок и санкции врз Иран, како и со продолжување на преговорите во исто време.

„Велика Британија во овој момент е против идејата на било кого, за напад врз Иран, истакна Хејг за „Дејли телеграф“.

Автор: БГ/миа

Редактор: Ж. Ацеска