1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Хет-трик на Себастијан Фетел

Себастијан Фетел е третпат по ред победник на трката за Големата награда на Јужна Kореја. Новата титула светски шампион веќе се насмевнува! Фетел води и во генералниот пласман.

Возачот на „Ред Бул“ Себастијан Фетел ја искористи пол-позицијата и ниту во еден момент не им дозволи на конкурентите да му ја загрозат победата. „Се‘ мина фантастично. Ја сакам својата работа и уживам во моментите“, рече Фетел по трката. Второто место во Јужна Кореја му припадна на Кими Раиконен од „Лотус“, а трет беше неговиот клупски колега Ромен Грожан.

Бодови во Кореја уште освоија и Ник Хулкенберг (Заубер), Луис Хамилтон (Мерцедес), Фернандо Алонсо (Ферари), Нико Розберг (Мерцедес), Џенсон Батон (Мекларен), Фелипе Маса (Ферари) и Серхио Перез (Мекларен).

Во генералниот пласман на пет трки пред крајот води Фетел со 272 бода, 77 повеќе од второпласираниот Алонсо, трет е Раиконен со 167 бодови. Доколку Фернандо Алонсо во наредната трка во Јапонија се пласира подолу од дветтото место, Фетел би можел веќе наредната недела, во случај да победи, да ја освои четвртата титула светски првак.