1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Херта повторно на врвот

Во последното 22. коло од германската фудбалска Бундеслига имаше многу губитници, а вистински добитници беа пред се’ две екипи: Бохум и Херта од Берлин.

default

Фудбалерите на Херта Берлин ја прославуваат победата

Бохум беше единствениот тим од дното на табелата кој со победата од 3:2 против Енерги Котбус освои три бода, а Херта профитираше од грешките на останатите претенденти за титулата и повторно е на врвот на табелата.

Големиот Баерн од Минхен, кој веќе подолго време настојува да се искачи на првото место на табелата, меѓутоа и натаму заостанува зад конкурентите. По неверојатната победа од 5:0 на гостински терен против Спортинг од Лисабон во Лигата на шампионите, следуваше само 0:0 во Бремен против 11-от на табелата, Вердер, и покрај тоа што Баерн цели 75 минути играше со играч повеќе.

Bundesliga Bremen gegen Bayern

Вердер Бремен и Баерн Минхен играа без голови

„До самиот крај се обидувавме да  постигнеме гол и да освоиме три бода. Не ни успеа. Тоа сега мораме да го прифатиме онака како што е, дури и ако, се разбира, со задоволство би имале победа“, изјави по натпреварот Јирген Клинсман, тренерот на тимот со рекорден број титули во Бундеслигата.

Хамбургер прерано сонуваше за титулата

Со бодот освоен во Бремен, Баерн падна на петото место на табелата и сега заостанува четири бодови пред водечката екипа-Херта од Берлин. На домашен терен Херта беше поуспешна од Борусија од Менхенгладбах со 2:1.

„Морам да кажам дека имавме шанса на домашен трен преку контра-напади да поведеме и со 3:0. Знаевме дека Борусија Менхенгладбах ќе се врати во игра. Тие го сторија тоа и беа многу опасни. Денешниот натпревар беше тежок и тоа е сосема нормално“, изјави Лусиен Фавре, тренерот на Херта од Берлин.

Лидерот по  минатото 21. коло во Бундеслигата, Хамбургер, очигледно веќе премногу почна да размислува за шампионската титула и набрзина загуби од Волфсбург со 3:1.

„ Веројатно, се’ уште не сме толку добри. Ќе направиме се’ повторно да се исправиме, дури и ако тоа не е лесно. Меѓутоа, сметам дека имаме доволно силен карактер, за повторно да излеземе на вистински пат“, изјави тренерот на Хамбургер, Холанѓанецот, Мартин Јол.

Bundesliga Hamburg gegen Wolfbsburg

Фудбалерите на Хамбургер не можеа да се радуваат во 22. коло

Ниту есенскиот првак Хофенхајм не е повеќе вистински во залет. Најголемото изненадување во лигата полека ги губи нервите и во Дортмунд против Борусија успеа да одигра само 0:0. Нов неуспех доживеа и Баер Леверкузен. По поразот на гостински терен од Хановер со 1:0 во ова 22. коло, избраниците на тренерот Бруно Лабадија паднаа на шестото место на табелата. Хановер, успеа да направи скок на релативно сигурното 12. место.

„Заслужена победа за Хановер. Да бидам искрен, ние истотака пропуштивме многу добри шанси за пред време да го решиме победникот на натпреваррот. Си посакував, се разбира, рано во натпреварот да поведеме со 2:0 и тогаш ќе беше помирно. Се’ на се’ ова се три бода, кои со сигурност ќе ни помогнат и во натамошните натпревари во лигата“, се надева тренерот на Хановер, Дитер Хекинг.

Шалке 04 се приближува до местата кои водат во Купот на УЕФА

Со победата против Хамбургер, екипата на Волфсбург, пак, се искачи на четвртото место на табелата и има ист број бодови како и петиот Баерн од Минхен, што значи заостанување од четири бодови пред лидерот на табелата-Херта. И покрај тоа, тренерот на Волфсбург, Феликс Магат не сака да чуе ништо за шампионската титула.

„Ќе биде доволно тешко во иднина да се повторат ваквите игри и да се победи. Доколку бидеме петти на табелата , тогаш тоа ќе биде една добро одгиграна сезона“, рече Магат, кој првенствено се надева на пласман на неговиот тим во Купот на УЕФА.

Место во истиот куп посакува и екипата на Штутгарт. Шансите за тоа и натаму и се добри. Во Карлсруе, избраниците на тренерот Маркус Бабел по лошо одиграното прво полувреме, сепак славеа победа против домаќинот од 2:0.

„Во второто полувреме нашата игра сосоема јасно се подобри и затоа сметам дека и според резултатот ова беше заслужена победа за нас“, рече Бабел.

Bundesliga Schalke gegen Frankfurt

Од мечот Ајнтрахт Франкфурт- Шалке 04

Со оваа победа Штутгарт се наоѓа на седмото место на табелата со три бода заостанување од местата, кои водат во Купот на УЕФА. И тимот на Шалке 04 е на дофат на местата за ова европско натпреварување. По пет натпревари на гостински терен без победа, на тимот од Гелзенкирхен во 22. коло му успеа да слави во Франкфурт против Ајнтрахт со 2:1, и со оваа победа се искачи на осмото место на табелата. Тренерот на Шалке, Фред Рутен истакна:

„ Игравме против тим, кој сметам дека на тактички план секогаш е добар. Мојот тим по изедначувањето во последните десет минути покажа морал. Затоа  јас сум многу задоволен со мојата екипа и начинот на кој денеска ги освои трите бода во Франкфурт.“, рече Рутен.

Од екипите на дното на табелата покрај Бохум кој освои три бодови со победата против Енерги Котбус, бодови успеа да освои уште само екипата на Арминија од Билефелд, која во Келн одигра 1:1 против истоимениот домаќин. И двата тима по 22. коло се надвор од опасната зона за испаѓање од лигата. На последните три места наредното коло ќе го дочекаат, Енерги Котбус, Карлсруе и  Борусија Менхенгладбах.