1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Херта БСЦ Берлин

„Штралзундер штрасе„ во берлинската општина Вединг -никаква сјајна улица. Ниту денес, ниту на 25 јули 1892 година кога таму се сретнаа четири момчиња, не постари од 17 години и решија да основаат спортски клуб.

default

Денес Херта одржува и значајни меѓународни контакти: кинески фудбалери на гости кај клубот од Берлин

За името послужи едно парабродче, офарбано во сино-бело и се викаше „Херта„. Клубот бргу стана еден од најуспешните во Берлин. Во сезоните 1930 и 31 дури беше и германски првак:

„Екипите излегуваат на теренот. Се појавува Херта БСЦ во црни спротски гаќи. Берлинчаните и истовремено германски прваци, по шести пат едноподруго се наоѓаат во завршниот натпревар за титулата. Нивниот халф ја доби топката и непосредно пред крајот постигна гол што на Херта БСЦ и ја донесе победата. Херта по вторпат ја освои титулата германски фудбалски првак„.

Капитен на првакот беше Хане Зобек. Првата ѕвезда на Херта поврзана со клубот до смртта во 1989 година:

„Како дете се прекачив преку оградата зашто немав пари за влезница. Потоа се оствари мојот сон од деството да играм овде. Се исполни мојата страст„.

Освоените првенства во 30 и 31 година останаа единствените релевантни титули. Меѓутоа, Херта од основањето остана број еден во Берлин. Место трофеи, старата дама работеше повеќе врз својот скандалозен имиџ. Првпат во 1965 година кога раководството на клубот на играчите им исплати превисоки премии. Последица: префрлување во понизок ранг. Но, Херта се најде во фокусот на скандал и во сојузната лига. Одбранбениот играч Бернд Пацке добиваше понуди од повеќе клубови, па ја загуби прегледноста. Доказ и следниот телефонски разговор со претседателот на екипата на Офенбах, Канелас:

„Овде веќе беше еден со сто илјадарки„!

„Веќе бил некој со стотка„?

„И други ќе дојдат. Постојано звони телефонот, па веќе и не се јавувам„.

Ваквите скандали не придонесоа за тоа фудбалскиот клуб Херта да им прирасне за срце на Берлинчани. До денес клубот и Берлинчани ги поврзаува еден вид меѓусебна љубов на омраза. Ако Херта загуби два натпревара, безмилосно критикуваат, ако победи трипати по ред, веќе ја планираат титулата. Така беше и веројатно така ќе остане.

Сепак, таквата состојба барем еднаш беше пробиена од виши сили, како на 11 ноември 1989 година. Два дена по паѓањето на Берлинскиот ѕид, Херта во Втората лига го пречека Ватеншајд 09 и ги отвори вратите на стадионот за илјадници источни Берлинчани.

80-десеттите и првата половина на 90-десеттите години, Херта ги мина во неутешноста на Втората лига. Промена кон подобро донесе еден Швабо. Во 1996 година во клубот дојде менаџерот Дитер Хенес и веднаш се соочи со тешкотии:

„Јас дојдов од Штутгарт и на еден таксист му реков дека сакам да ме однесе до управната зграда на Херта, а тој вели:’Каде е тоа’? Тогаш јас реков: ’Тоа би морале да го знаете’. ’Немам поим’, вели. Некако тргнавме, па наваму, натаму и никако да откриеме каде е управната зграда зашто никаде и не можеше да се препознае нешто такво. Трипати минавме покрај истиот број„.

Такво нешто денес не се случува. Клубот од главниот град сега резидира директно на Олимпискиот стадион. Со дузина помошни терени и младински интернат за кој клубот плаќа повеќе од два милиона евра годишно. Овде ништо не потсетува на сивата „Штралзундер штрасе„ во Вединг, каде што се’ започна во 1892 година.