1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Херта Берлин има нов тренер

Денеска и утревечер се играат натпреварите од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Но возбудувањата не се само на меѓународна сцена, во Бундеслигата се изврши десетата смена на тренер сезонава.

Фалко Гетц си замина од Херта Берлин

Фалко Гетц си замина од Херта Берлин

Баерн Минхен вечерва во реванш средбата на 1/ 4 финалниот натпревар од Лигата на шампионите го пречекува АЦ Милан. Баварците се надеваат на предноста на домашен терен по нерешениот резултат 2 спрема 2 во Милано. Во вториот натпревар

Ливерпул со предност од три гола го пречекува ПСВ Ајнтховен. Утре вечер се играат и другите четвртфинални средби, Рома е на гости кај Манчестер Јунтајтет, а Валенсија ќе биде домаќин на Челзи.

Херта Берлин без тренерот Гетц

Тимот во Бундеслигата Херта Белрин го отпушти тренерот Фалко Гетц, објави менаџерот на Херта Дитер Хенес, денеска на прес конференција. Фудбалскиот клуб на главниот град, во октомври беше на врвот на табелата, но по осум натпревари без победа, на 28 иот натпреварувачки ден има само пет поени предност од клубовите на кои им се заканува да ја напуштат Бундеслигата и да премине во втората лига.

За нов тренер на екипата е именуван досегашниот аматерски тренер Карстен Хајне, кој веќе двапати беше тренер на тимот во Берлин.

Фалко Гетц, на први јули 2004 година по вторпат ја презема функцијата прв тренер на Херта и имаше договор до 2008 година. На клупата на берлискиот тим беше и во сезоната 2001/ 02.

Разделбата на Берлинчаните од Гетц е десетата смена на тренер во оваа сезона во Бундеслигата, а два тима годинава имаа и по две тренерски смени Арменија Билефелд и Борусија Дортмунд.