1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Херитиџ“: САД мора да притиска за влез на Македонија во НАТО

На Самитот на НАТО во Лисабон во ноември администрацијата на Обама мора да стави тежина на понатамошно проширување на Алијансата, особено на влезот на Македонија, порачува американската конзервативна фондација „Херитиџ“.

default

Во последната година, Грција доби огромна финансиска и политичка поддршка од Евроатлантската заедница и глобалните финансиски институции. Време е Грција да возврати на тоа пријателство и да ја исполни својата обврска од Членот 10 на Вашингтонскиот договор, се вели во анализата на фондацијата „Херитиџ“ во која потоа читаме:

„Грчко-македонскиот спор се влече 18 години и можеби нема да се реши на време за Самитот во Лисабон. Како и да е, Атина не треба своите билатерални спорови да ги носи во Алијансата – што е стар принцип на НАТО – и треба да ја демонстрира својата волја да биде позитивен регионален играч, наместо да биде суров и опструктивен партнер.“

Придонесувач за глобалната безбедност

И покрај тоа што Македонија е мултиетничка демократија и државата продолжува да напредува, нејзиното трпение не е бескрајно. Многу е важно Алијанса да испрати порака дека во нејзините институции има место за балканските нации кои го заслужиле тоа, порачуваат авторите на анализата на „Херитиџ“ фондацијата. Тие истакнуваат

Logo der NATO, North Atlantic Treaty Organisation

дека иако во минатото Македонија била пред се’ корисник на безбедноста, земјата брзо се трансформирала во снабдувач на безбедност, на регионално и глобално ниво.

Едно од најимпресивните дела на добра волја од страна на Македонија, според „Херитиџ“ е нејзиното робусно учество во мисијата на НАТО во Авганистан. И покрај тоа што има број на жители кој е една петина од Грција, Скопје во Авганистан распореди повеќе трупи од Атина. Со 240 војници, Македонија е еден од најголемите, по глава на жител, придонесувачи во мисијата.

Да се зголеми притисокот врз Грција

Авторите на анализата сметаат дека со досегашната и актуелната американската поддршка нема да биде доволна за да се обезбеди влез на Македонија во НАТО и оти администрацијата на САД ќе треба да ги употреби своите дипломатски канали во Европа, за да го зголеми меѓународниот притисок врз Грција, а истото треба да го стори и Европа. САД треба да бараат пред се’ од Берлин и од Париз ова прашање да биде приоритет на самитот, порачуваат во „Херитиџ“.

Разговорите меѓу Грција и Македонија, кои се водат со посредство на ОН, ќе продолжат и ако Македонија и се приклучи на Алијансата. Според меѓудржавниот договор од 1995 година Грција се обврза дека нема да ја искористи својата доминантна позиција и да го блокира влезот на Македонија во меѓународните институции.

Македонија го заслужи своето место во Алијансата, и повеќе од тоа. САД и клучните европски сојузници, треба да застанат покрај своите пријатели и да ги интензивираат напорите со цел местото на Скопје на масата повеќе да не се блокира нечесно, пишува во денешната анализа на американската фондација „Херитиџ“, конзервативен институт за креирање политики, основан во 1973 година со седиште во Вашингтон.

Автор: СН/ БГ/ Херитиџ/ миа/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска