1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хезболах подготвува напади во Европа

САД вчера предупредија дека либанска шиитска организација Хезболах би можела во секој момент да изврши напади, посебно во Европа. Предупредувањето стаса откако САД ги заострија санкциите кон режимот во Дамаск.

„Оценуваме дека Хезболах би можела да изврши напади во Европа или на други места во секој момент и тоа без никакво предупредување“, изјави Даниел Бенџамин, координатор на борбата со тероризмот во Стејт департментот. Тој додаде и дека Хезболах и Иран во блиска иднина ќе се насочат на интензивна терористичка активност. Според него, одмазничките напади можат да бидат на западни и израелски цели. Хезболах неодамна беше обвинет, но без конкретна потврда, дека одиграл улога во неодамнешните бомбашки напади на израелски цивили во Европа и Азија.

„Хезболах, главната сила на либанската влада, е тесно поврзана со Иран и ја засилува терористичката капмања во светот“, посочи Бенџамин, додавајќи дека шиитската терористичка организација посебно е заинтересирана за напади во Тајланд.

Attentat von Burgas Bulgarien

Се верува дека Хезболах бил вмешан во терористичкиот напад врз израелските туристи во бугарското туристичко место Бургас

Ваквите предупредувања беа дадени откако Стејт департментот и американското Министерство за финансии воведоа нови мерки против поддржувачите на сирискиот режим. Тие објавија дека Хезболах, кој се наоѓа на листата на меѓународни терористички организации, сега се додава и на листата на поддржувачите на сирискиот претседател Башар ал-Асад, за кои се воведуваат санкции. Мерките предвидуваат замрзнување на сите сметки на Хезболах, кои се под јурисдикција на САД, и забрана на американски физички и правни лица да вршат контакти со групата.

Според американското Министерство за финансии, Хезболах дава поддршка на властите во Сирија преку обука, совети и материјално-техничка помош.