1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Хаџинасто ги осуди меѓуетничките инциденти

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Албанија, Никола Попоски и Едмонд Хаџинасто по средбата во Скопје порачаа дека последните инциденти нема да ги нарушат добрите односи меѓу двете земји.

default

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Албанија, Никола Попоски и Едмонд Хаџинасто

Министерот за надворешни работи на Албанија, Едмонд Хаџинасто, кој престојува во посета на Македонија, по средбата со македонскиот колега, Никола Попоски, го осуди палењето на македонското знаме во Албанија,
но и палењето на албанското знаме во Македонија.
„Го видов исто така и инцидентот кога гореше албанското знаме. Двата инцидентa не требаше да се случат, бидејќи националните симболи се свети за
секоја нација, за секој граѓанин. Ние се согласивме денеска дека тие инциденти нема да ги искомлицираат одличните односи што ги имаме. Неопходно е нашите институции да делуваат во согласност со законите. Целосната интеграција на етничките заедници е фундаментална вредност на натамошен прогрес на Македонија во НАТО и Европска унија“, рече Хаџинасто.

„Политичарите да покажат зрелост“

Покрај тоа, тој ги осуди и меѓуетничките инциденти што се случија во
Македонија во изминатиов период и побара институциите да ги расветлат и
порача дека овие инциденти нема да ги нарушат, како што рече - одличните
односи меѓу двете земји.

Nikola Poposki und Edmond Haxhinasto, Außenminister Mazedoniens und Albaniens

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Албанија, Никола Попоски и Едмонд Хаџинасто

„Побаравме целосно расветлување на овие настани, исто така побаравме од
институциите да ги изнесат пред лицето на правдата сите тие што се одговорни
за овие инциденти. Исто така, побаравме од сите политички претставници да
покажат зрелост смиреност и поддршка за институцијата за да ги решат овие
инциденти“, изјави шефот на албанската дипломатија, прашан дали побарал
расветлување на убиството во Гостивар и расветлувањето на другите инциденти.

Заедничка иднина во ЕУ

И македонскиот министер за надворешни работи порача дека секој поединец кој сака да ги наруши односите со соседна Албанија, треба да биде санкциониран.
„Од исклучителна важност е кој и да е гест кој цели кон нарушување на
одличната соработка која сакаме да ја градиме во нашиот регион, да биде
санкциониран. Кој и да е гест што може да биде навредлив за кој било од
нашите пријатели и соседи, како во Албанија и Македонија и целиот регион,
мора да биде осуден и да биде третиран во рамките на институциите на системот. Имаме заедничка иднина во НАТО и ЕУ, делиме исти вредности и на
тој начин треба да бидат адресирани сите оние гестови кои сакаат да ја нарушат таа цел и одличната соработка која сакаме да ја градиме. Секој поединец кој сака да ги наруши овие односи треба да биде осуден и санкциониран“, рече Попоски.
Албанскиот министер за надворешни работи рече дека се погрешни информациите дека малцинствата во Албанија немале право да се попишат според својата националност. Според него, сите малцинства, сите граѓани имале можност и право да се изјаснат себеси слободно.

Автор: СН/ЖА/макфакс

Редактор: Ж. Ацеска