1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Хајнкес се повлекува од фудбалските терени, но не засекогаш?

Јуп Хајнкес, по тројната победа со Бајерн Минхен, прво размислува на одмор. 68 годишниот тренер меѓутоа не се изјасни дали тоа значи конечен крај на неговата кариера во професионалниот фудбал.

Јуп Хајнкес започна со навраќање на изминатиот период како тренер на Бајерн Минхен, кој беше крунисан со тројна победа: Освојување на германското првенство, Лигата на шампиони и Купот на Германија.

„Мојата екипа не извојува само тројна победа“, рече Хајнкес. „Оваа сезона игравме изворедно, константно, хомогено, суверено со сосема јасен концепт“. Конечно воздивна длабоко 68 годишниот тренер и ја објави добро чуваната тајна: „Нема да прифатам ангажман ниту дома, ниту во странство. Ќе се повлечам, за да се одморам од целиот напор“. Во изминатите недели ја чувствувал својата старост, појасни Хајнкес.

„Стигнав до мојот лимит“. Како тренер на еден голем клуб нема да може да се одмори. Хајнкес со ова стави точка на шпекулациите, дека ќе го наследи Португалецот Хозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид. Меѓутоа Хајнкес не потврди дека конечно се повлекува од фудбалските терени.

„Оставам екипа од светски ранг“

Раководните лица во Бајерн Минхен ја истакнаа улогата на Хајнкес за најуспешната сезона во историјата на клубот.

„Јуп Хајнкес беше пример за солидарност“, рече шефот на управниот одбор на клубот Карл Хајнц Румениге. „Само затоа на крајот беше воопшто можен ваков голем успех“, подвлече Румениге.

Слично се изјасни и претседателот на клубот Ули Хенес. „Тој успеа од 25 врвни играчи да направи пријатели“, рече Хенес. „Тој беше за пример, и играчите делумно слепо го следеа“, подвлече Хенес.

Во наредната сезона поранешниот тренер на Барселоа, Шпанецот Јосеф Пеп Гвардиола ќе ја тренира екипата на Бајерн Минхен. Стапките кои ги остави Хајнкес се големи. „Оставам екипа од светски ранг, можеби најдобрата во светот“, рече Хајнкес.