Хајко Мас- нов шеф на германската дипломатија | Свет | DW | 08.03.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Хајко Мас- нов шеф на германската дипломатија

Досегашниот министер за правда, Хајко Мас, треба да го замени Зигмар Габриел на функцијата шеф на дипломатијата, според повеќе медиуми. Габриел претходно лично соопшти дека нема да биде дел од новата влада.

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел треба во новата германска влада да му го отстапи местото на својот партиски колега од Социјалдемократската партија, Хајко Мас, досегашен министер за правда. Ова го јавуваат магазините „Фокус“ и „Шпигел“, исто како и неколку новински агенции, без да наведуваат извори. Од редовите на СПД во последно време постојано протекуваат информации, иако официјално распределбата на ресорите во партијата треба да биде објавена утре. Претходно Зигмар Габриел лично соопшти дека нема да приѓа на новата германска коалициска влада.

Информацијата за тоа му ја соопштиле шефицата на пратеничката група на Социјалдемократската партија Андреа Налес и привремениот лидер на партијата, Олаф Шолц, напиша Габриел на својата Фејсбук-страница: „Јас сум избран за пратеник во Бундестагот и останувам таму, но завршува времето во кое извршував политички водечки функции за СПД."

Габриел укажува притоа дека во својата речиси 30-годишна политичка кариера имал можност да работи на водечки функции за СПД. „Тоа беше возбудливо и полно со настани време, што ми овозможи големи шанси и собирање искуства кои се далеку над она за кое што се осмелував да сонувам како млад човек."

Повеќе на темата: 

Меркел набива темпо

Тргнуваме, но не како досега - почнува најтешкиот мандат на Меркел

Германија: Сомневања во способноста на СПД за владеење

Останувањето на Габриел во Министерството за надворешнми работи и досега се сметаше за малку веројатно. Нему му се припишуваат нарушени односи со Мартин Шулц и со Андреа Налес. Габриел во февруари го обвини раководството на СПД за кршење на дадениот збор, откако тогашниот партиски лидер Мартин Шулц најави аспирации за функцијата шеф на германската дипломатија.

Во партијата на незадоволство наиде посебно инструментализирањето на неговата ќерка. „Мојата мала ќерка Мари денеска ми рече: тато, не треба да бидеш тажен, сега ќе имаш повеќе време за нас, тоа е подобро отколку да бидеш со тој човек со влакна на лицето", изјави Габриел за новинарите од медиумската група Функе. Зигмар Габриел беше вицеканцелар од 2013. година, од 2005. до 2009. министер за економија, а потоа министер за надворешни работи.

СПД утре треба да одлучи кого ќе испрати во идниот кабинет на канцеларката Ангела Меркел, на располагање се шест министерски места, определбата е да бидат пополнети со тројца мажи и три жени.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

 

DW.COM